Среда, 09 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
75.000 евра годишно добивал Никола Димитров од Институтот во Хаг – Холандија

„Макфакс“: 75.000 евра годишно добивал Никола Димитров од Институтот во Хаг – Холандија во шок од потрошените пари на даночните обврзници

„Макфакс“: 75.000 евра годишно добивал Никола Димитров од Институтот во Хаг – Холандија во шок од потрошените пари на даночните обврзници

Холандската јавност и политичарите чекаат одговори на прашањата како се потрошени 20 милиони евра државни субвенции во Институтот за глобална правда во Хаг, каде што до лани работеше и сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Институтот се распадна на почетокот на минатиот месец откако биле потрошени субвенциите и утврдиле дека не можат сами да се финансираат. Политичарите се во шок од начинот на кој се потрошени парите на даночните обврзници. Аферата за трошењето во Институтот веќе три недели е главна тема во јавноста, открива „Макфакс“.

„Макфакс“ истражуваше колку пари на холандските даночни обврзници завршиле како плата за Никола Димитров, како вработен и близок човек на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, за кого холандските медиуми објавија дека имал невообичаено висока плата од 223 497 евра годишно. Според податоците од администрацијата на Институтот, Димитров, очекувано, земал помала плата од претседателот, но сепак меѓу повисоките. За него биле потрошени околу 200 000 евра од субвенциите за кои сега политичарите бараат отчет.

-Никола почна да работи за Хашкиот институт по 1. 4. 2014. Ја напуштил организацијата на 31. 3. 2017. Кога почна, доби плата од 5 144 евра бруто месечно, приближно 62 000 годишно, вклучувајќи ги и бенефициите како празник. Имаше неколку мали покачувања во неговата плата во годините во кои работеше за Институтот. Во последната година во Институтот добиваше 5 813 евра бруто месечно. Ова е приближно 75 000 евра годишно, повторно вклучувајќи бенефиции. Овие плати покажуваат дека тој имал постојано работно место, велат од администрацијата на Институтот.

Димитров не одговори на прашањата дали чувствува одговорност по распаѓањето на Институтот, но објасни дека оставил многу зад себе.

-Работејќи како истакнат истражувач (Distinguished Fellow) во Хашкиот институт бев посветен на проекти пред сè во функција на демократизација и владеење на правото на Балканот. За моите резултати говори и понудениот ангажман за продолжување на мојата работа во Институтот за безбедносни студии на ЕУ во Париз, во соработка со Европскиот фонд за Балканот, на проекти во Центарот за меѓународна правна соработка во Хаг, како и проекти со Групата за политики на Балканот во Европа, поддржана од германската Агенција за меѓународна соработка. Овие ангажмани не се реализираа поради моето враќање во Република Македонија, вели министерот Димитров.

Тој не одговори на прашањето дали од Институтот го контактирале за отчет по затворањето, но нагласи дека добил писмо со благодарност.

-Од холандското МНР, пак, за илустрација, добив писмо со благодарност за реализацијата на проектот за довербата на јавноста во судството во земјите од Источното партнерство во 2015 година. Можам да продолжам и со други примери, меѓутоа мислам дека за мојата работа поупатно е да зборуваат луѓето со кои сум соработувал. Да се зборува за сопствената кариера не е никогаш мудро, а особено не е во момент кога сум целосно во служба на неспоредливо поголеми цели – стратешките приоритети на Република Македонија, изјави за „Макфакс“ министерот Димитров.

Целиот текст можете да го прочитате на „Макфакс“.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.