Среда, 13 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Референдумот предвиден за есенва - тапани после свадба

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Да ми кажуваше некој деведесеттите години кога ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ и кога прогласивме самостоја држава, немаше да му верувам дека денешнава генерација на македонски политичари ќе извршат невидено предавтсво врз сопствениот народ и држава.

По речиси едногодишни преговори Премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ни договорија ново име за севкупна употреба - Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia). Според овој договор јазикот е македонски (кој припаѓа на славјанската група јазици), а националноста – граѓани на Северна Македонија.

Како што е предвидено со договорот меѓу владите на Грција и Македонија, македонскиот народ ќе биде прашан на референдум кој би се одржал во септември или октомври.

Меѓутоа, Референдумот кој е предвиден да се одржи на есен, претставува како тапани после свадба.

Откако ќе се заврши главната работа, безполезно е потоа да се праша народот дали сака да си го смени уставното име, а со тоа и идентитетот. А сето тоа само заради влез на Македонија во ЕУ и НАТО, односно заради туѓи геополитички и геостратешки интереси.

Иако, Заев се обидува овој договор да го претстави пред македонската јавност како победа, тој претставува пораз и на македонскиот народ му нанесе невидена штета. Со овој договор Зоран Заев на Грците им даде се што побараа. Со прифаќањето на промена на уставното име за надворешна и внатрешна употреба, што значи дури и промена на името на сите општествени и културни институции - тотално обезличување на македонскиот народ - Заев без овластување потпиша капитулација.

Заев ја одработи својата работа за туѓи интереси.

Без разлика на договорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за новото име на нашата земја, без разлика дали овој договор ќе го ратификуваат собранијата на двете земји и дали ќе помине на референдум, ваквата надворешна политика на македонскиот премиер ѝ нанесе непроценлива штета на Македонија.

Тој пред светот, пред сите оние држави кои ја признаа Македонија под уставно име, го прикажа македонскиот народ дека е без кичма, без национална гордост, односно дека не постои македонска нација.

Наместо портите на рајот, Зоран Заев со својата политика ги отвори портите на пеколот. Заев го врати македонскиот народ не само во деведесетите години на минатиот век, кога беше донесена привремената референца, туку во време на Мировниот договор во Букурешт 1913 година, кога не се признаваше постоење на македонски народ и јазик и кога неговата земја, етно-географската целина на Македонија, без да се почитува волјата на Македонецот, беше поделена.

Зоран Заев во текот на овие преговори ги погази идеалите на многу македонски поколенија, ги погази и придобивките од Илинден 1903 и 1944 година, како и септември 1991 година. Тој со овој договор избриша се` што со генерации македонскиот народа изградил.

СДСМ предводена од Зоран Заев покажа дека не е способна да ги одбрани интересите на државата. Таа се стави над македонскиот народ, кој според сите анкети е против промена на уставното име.

Сите ние имаме свое гледиште на светот, мене ако некој ме праша, тогаш би рекол предадени сме, или продадени сме. Да си го предадеш својот народ, својата држава тоа е или не си нормален, или си платен дебело да го извршиш ова велепредавство.

Неодамнешниот митинг на кој шеесетилјаден народ рече НЕ за промена на уставното име покажа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може да го канализира тоа незадоволство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ има морална одговорност да ја спречи погубната политика на Заев, пред да стане доцна, можеби е веќе и предоцна.

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.