Среда, 13 Јуни 2018    Печати
Зоран Заев ги погази сите црвени линии на сите политичари во последните 25 години
alt

Зоран Заев вчера ги погази црвените линии кои досега ги бранеа сите политичари на кои граѓаните им ја дадоа довербата да ја водат државата.

Зоран Заев не само што призна дека се согласил да го менува уставното име, туку и се согласил и националноста, која досега беше јасно дефинирана, да и додаде „граѓани на Северна Македонија”.

Властите во Грција слават сосем очекувано бидејќи прв пат во дводецениските преговори еден политичар од Македонија се согласил беспоговорно да ги прифати сите нивни услови и да им го обезбеди најдобриот договор досега.

Република Македонија, нејзиното минато, сегашност и иднина вчера беа жртва на навиката на Зоран Заев да ја витка кичмата само за да оствари личен интерес.

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, презентираа договор во кој државата е поразена.

Преговорите кои ги водеше СДСМ се одраз на краен аматеризам. Договореното не е во сообразност со интересите на македонскиот народ.

Зоран Заев ги погази сите црвени линии, кои сите политичари, без разлика на својата политичка припадност ги имале во последните 25 години.

Заев ги поткопа македонските позиции. Најпрвин ветуваше дека македонската жица никој немало да му ја допре и дека Уставот немало да се менува. Потоа јавно кажа дека прифаќа промена на Уставот и ерга омнес решение во пакет со името Илинденска Македонија.

Граѓаните се излажани и изманипулирани. Зоран Заев целосно нетранспарентно и без да ја запознае опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија донесе одлука и решение, кое ќе ги тангира не само сегашните, туку и идните генерации.

ВМРО-ДПМНЕ не е против членство во НАТО и ЕУ, напротив многу повеќе се залага за истото од сите други. Но членувањето во тие организации не смее да биде преку предавство и капитулантски договори. Граѓаните заслужуваат европска иднина, но врз база на вредности и реален мерит систем за унапредување.

Република Македонија не смее да продолжи кон амбисот кон кој СДСМ ја турка. Државата и граѓаните заслужуваат подобро. СДСМ не може да понуди ништо добро за Република Македонија. Оваа власт мора да си замине.