Четврток, 14 Јуни 2018    Печати
Овој најнов потег на Заев го сметаме како директно објавување на војна кон македонскиот народ

alt

Македонската дијаспора во Европа против менување на уставот

Македонската дијаспора во Европа е револтирана од самоволието на таканаречениот премиер Заев. Понижувачки е и несватливо судбината на цел еден народ, неговото милениумско постоење да заврши со еден телефонски разговор помеѓу лудиот инсталиран премиер и грчкиот неофашист.

Овој најнов егзибиционистички потег на Заев го сметаме како директно објавување на војна кон македонскиот народ и Република Македонија. Македонскиот народ има право да знае за што се преговара зад неговиот грб и кој тоа се дрзнува да решава во име на неговите предци, но и на идните генерации. Тешко дека некој би дал таков легитимитет на еден човек, посебно не на криминален ум каков што е таканаречениот премиер Заев.

Со оглед дека досегашните повици, писма и протести беа занемарени од оваа ненародна влада која си продолжи со распродажба на националниte интереси, македонската дијаспора од Европа преку своето Координативно тело презема конкретни чекори за спас на Република Македонија. Бараме од македонскиот народ да ги бојкотира сите институции во Република Македонија, општа непослушност и блокада. Нудиме секаков вид на помош за реализирање на овие дејствија.

Македонската дијаспора ќе продолжи со барања на меѓународна правна разврска на овој случај. Заев треба да знае дека кога тогаш ќе ја истераме правдата, а тој лично, како и неговите соработници, ќе одговараат за ова понижување на цел еден народ. Македонецот е неуништив, го знаеш тоа Заев? Ќе се потрудиме да го дознаеш и да служи како пример на секој што во иднина ќе се дрзне да тргува со македонските национални интереси. – стои во соопштението на Координативно тело на македонската дијаспора во Европа.

Македонски весник Илинден –