Четврток, 14 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
„Република Северна Македонија” e фиаско за македонскиот идентитет, историја и иднина

11111

ОМД: „Република Северна Македонија” e фиаско за македонскиот идентитет, историја и иднина

Северна Македонија од Западен Балкан во Југоисточна Европа, како решение на 27-годишниот билатерален спор помеѓу Република Македонија и Грција, со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба како дел од пакетот-решение, претставува триумф на Грчката дипломатија и фиаско за македонскиот идентитет, историја и иднина.

Со сериозно отсуство на јавна дебата, нулта вклученост на македонската академска фела и занемарена транспарентност во преговарачкиот процес кој се сведе на самоволие на два политички субјекта, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета пакет-решението за промена на името на државата е неосновано. Покрај тоа што таквото самоволио во целост се противи на се она што беше вклучено во предизборната програма на Социјал-Демократскиот Сојуз, ОМД смета дека политиката на Премиерот Заев за валидизација на договорот преку референдумско прашање, е суицидна за македонската држава и народ.

Преточено во политичката реторика на Претседателот Иванов, ОМД смета дека „никој не поседува мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци, и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”. Воедно, во време кога ЕУ најави крај на ригидноста на носењето на одлуки со едногласен консензус, која што промена во Европската политика е нова шанса за ЕУ-интеграцијата на Република Македонија под нејзиното уставно име, ОМД смета дека избрзаната и аматерска дипломатија на Премиерот Заев и Министерот за Надворешна Политика Димитров, е водена од други мотиви, кои не се Евро-Атлантските Интеграции.

Повикувајќи се на член 305 од законот за велепредаство како кривично дело против државата од Уставот на Република Македонија, „тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или ќе ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години”; повикувајќи се на член 308 за загрозување на независност од Уставот, „секој граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе земјата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”; и повикувајќи се на член 178 од Уставот за повреда на угледот на Република Македонија, „тој што со намера за исмејување јавно ќе го изложи на подбив македонскиот народ, ќе се казни со затвор до три години”, ОМД увидува дека со најновата капитулација кој во најмала мера претставува велепредаство, повреда на националниот углед и чин на исмејување на македонскиот народ, е казливо дело во повеќе наврати.

Чинот на демантирање на Крушевската Република и АСНОМ, чинот на бришење на членот 49 од Уставот за заштита на македонското национално малцинство во соседните земји, чинот на информирање на сите членки на Обединетите Нации за промена на уставното име без државен консензус, чинот на прифаќање на грчките максималистички барања, чинот на непочитување на Хашката пресуда како највисок орган на меѓународното право, како и чинот на прифаѓање на договор во кој нема никаква правна сигурност за македонските интереси, се типичен пример на велепредаство, срам, и навреда кон Република Македонија. Според тоа, ОМД бара од креаторите на решението најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и превземање на мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓудругото, и со распишување на предвремени парламентарни избори.

Додека македонското единство никогаш порано не било толку разединето, ОМД смета дека „Версајскиот Договор” за Северна Македонија сноси ризик да биде „последната капка” која би ја прелеала чашата во македонското општество. И додека грчкиот „Non Paper” посочува 16 придобивки од резрешницата на 27-годнишниот спор во интерес на Грција, Македонија единствено што добива е предуслов за внатрешно-државен немир и општо незадоволство.

 

На прво место

News image

Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските нацио...

Историја

News image

Поздрав до Член 7 од предложениот „договор“ со Грција

Диодор од Сицилија (Хеленски-ГРЧКИ историчар што живеел во првиот век п.н.е.)

Иселеници

News image

Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (15)

Атанас Близнаков пројавил голема активност во една од зн...

Култура и туризам

News image

Светилишта во Струга: Црквата Света Петка

Култното место Света Петка е познато од дамнина. Тоа беше само обележано, но стружани редовно таму п...

Фељтон

News image

Александар Македонски (37)

Плашејќи се дека на начин што предходно го одбраа Перијците нема да успеат на земјиш...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.