Вторник, 03 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
30 припадници на Тигрите прераспоредени во Единицата за водење на кучиња по спортски натпревари
СКАНДАЛ: Тигрите на колена, 30 припадници на специјалната единица преместени во кучкара

СКАНДАЛ: Тигрите на колена, 30 припадници на специјалната единица преместени во кучкара

Од денеска 30 припадници на Тигрите со потпис на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, под казна се распоредени во Единицата за службени кучиња, дознава „Нетпрес“.

Според информаците, причината за ова е нивниот оправдан револт поради политичкиот пазар на релација СДСМ-ДУИ на сметка на Единицата, во која по коалициски клуч треба да дојде нов заменик-командант предложен од ДУИ.

-Сите 30 припадници се распоредени по предлог на нивниот командант Митко Даневски кој во немоќ да го контролира оправданиот револт се одлучил да достави до Спасовски предлози за нивно отстранување од Единицата, се вели во информацијата која ја пренесе порталот.

За политичкиот пазар кој постои на сметка на оваа единица јавност беше неодамна запознаена, но сега ова групно распоредување всушност отвора пат за нови 30 партиски активисти на ДУИ кои заедно со новиот заменик командант без никаков критериум ќе влезат во оваа елитна единица. Инаку, досега во овие 30 сменети специјалци, државата во просек инвестирала по 100.000 евра од лице во нивна селекција, обука, тренинг и опрема, пренесува „Нетпрес“.

Во информацијата се вели дека со еден потпис Спасовски поништува драгоцена бројка на докажани специјалци кои изминатиот период поминаа ригорозни специјалистички алпинистички, нуркачки и обуки за напад од воздух и со тоа свесно ги намалува капацитетите за справување со кризни ситуации на македонската полиција.

Дополнително, секој од распоредените специјалци губи во просек од 20 до 25 илјади денари од својата плата бидејќи им се укинува додатокот на плата како припадници на Тигрите. Намерно, ниту еден од нив не е прераспореден по полициски станици или во местото на живеење, со цел понижувањето и казната за овие елитни воини да биде занимавање со област која не им е дел од нивната обука, а тоа е водење на кучиња по спортски натпревари и јавни манифестации, дознава „Нетпрес“.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tigrite-na-kolena-30-pripadnici-na-specijalnata-edinica-premesteni-vo-kuchkara/

 

На прво место

News image

Алтернатива за Македонија

Совет за безбедност на ОН

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер:бојкотирајтего престојниот референдум

Македонското друштво “Илинден”- Латцен-Хановер ги повику...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.