Четврток, 05 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Името не и' припаѓа само на оваа генерација

imeto-ne-go-davame

СОЗДАДЕТЕ ТАТКОВИНА

Проблемот со расистичкиот ,,договор" со Грција не е во тоа што некој ми забранува да си ја викам земјата така како што се вика и така како што јас милувам (!), туку во тоа што тој ми налага како јас да се разбирам себеси и како јас да се објаснувам пред светот.

Со еден збор, треба да бидам тоа што не сум, за да можам воопшто да бидам. И секој што ќе ми каже дека вреди да се откажеме од името, за подобар живот и иднина, или не е свесен или не сака да стане свесен дека по сето ова што се случи, и со зачувано име и без него, работите овде нема да одат на арно, па са влеземе во триста ЕУ и НАТО.
Стравувам дека ќе ни треба уште половина век да закрепнеме од овие поделби и тоа под услов да престанат надворешните вмешувања и разнебитувања, и под услов да ни дојде умот в глава и да почнеме да работиме на тоа да создадеме Држава.
Штетата е направена. Она што продавачите на името за подобра иднина (која нема да дојде, поготово со нив никако) не можат или не сакаат да разберат е дека името не им припаѓа ексклузивно ним и не и' припаѓа само на оваа генерација за тие (ние!) да решаваме што со него.
Имаат ли идеја како ќе живеат со оние кои не сакаат да се откажат од името или пак можеби не им е гајле за неоткажувачите, или можеби се надеваат дека со тек на време ќе се помират и откажат од таа идеја, или пак планираат да работат на нивно истребување?
Ако ништо од ова не им значи, како очекуваат да бидат поддржани и прифатени од другите за таа нивна злокобна накана, и на другите да им значи и да имаат разбирање дека желбата за подобар живот е поголема и поважна од достоинствен живот?
Дали под достоинствен живот подразбираат 500€ плата за да можат да одат на шопинг викенд во Грција и седумдневен одмор таму?
Како мислат да ги убедат сите дека тоа го прават за општо добро, и дека всушност нема зад тоа нивна себична намера да дојдат до некаков европски пасош (за нив и нивните потомци) за да можат полесно да побегнат од тука, оти ,,тука не ја бива и никогаш нема да ја биде" без и да се обидат да ја биде?!
Не само што не се сомневам во тоа, туку тоа и отворено си го признаваат.

Од друга страна, сите благонадежни Европејци, како очекуваат европските бирократи и политичари, колку и да се корумпирани и лицемерни, да дозволат во свое друштво да примат политичари кои веруваат дека со едноставно откажување од нешто нематеријално (името/ идентитетот/ историјата) ќе дојдат до нешто материјално (благосостојба)?!
Дали европските политичари се толку глупи да вооружат таков тип политичари со ниска свест и самопочит како нашите, со истите моќи на одлучување, планирање и застапување како што имаат тие, надевајќи се дека еден ден нема да ги употребат против нив?!
Независно од тоа кој е сега тука на власт.
Тие нема да примат во свое друштво политичари кои нема да докажат дека знаат да ја водат и да ја средат својата држава.
Овие нашиве што отворено лажат пред европслите политичари без срам и перде, не знаеш дали да ги жалиш оти толку им сече и оти сами се лажат, или да ги сиктердисаш оти го лажат народот и го манипулираат зашто не можат да го испорачаат тоа што го ветуваат.

Име не се продава.
И Фауст си ја продаде душата на ѓаволот, и Петер Шлемил си ја продаде сенката, но пак си ја побараа назад. А назад нема.
Лага е дека ова се прави за идните генерации. Не можеш да им оставиш ништо, никаква основа, да ги ставиш во ситуација друг да решава за нив кои се и што се, и да тврдиш дека е тоа за нивно добро!

Слушам, Заев се фалел дека младите се со него и ќе ги убедел да гласаат за промена на името.
Прво ако се веќе со него, зошто да ги убедува, и второ, зошто ги потценува дека не е прочитан и од нив!?
Млади, доволно сте свесни да знаете кога нешто не е в ред и кога некој на сила се труди да ве убеди во исправнпста на погрешните постапки.
Не дозволувајте да ви се одземе иднината и сувереното право сами да одлучувате за својата иднина.
Вие ќе ја наследите оваа држава и вие ќе треба да живеете со сите дефекти и сакатења што и' ги прават.
Застанете храбро и одговорете на предизвиците оти иднината ви припаѓа само ако се гледате во неа.
Кој не може да ја види својата иднина тука, не е подготвен да ја оствари својата иднина онаму каде што сака.
Татковината не е онаму каде што е добро. Онаму каде што е добро е татковина на оној што направил да биде добро.
Секој што отишол на подобро е гостин.

Ако сакате вистински добро создадете татковина!
Знам дека можете, ваше е да решите дали сакате!

Трајче Бјадов

 

На прво место

News image

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.