Среда, 11 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Страв ми е дека промената на името е само првиот чекор

pretir

Еклузивно со Маријана Претир: Страв ми е дека промената на името е само првиот чекор во загубата на идентитетот!

Македонија веќе една година има нова Влада, која што пред изборите ветуваше многу, со слоганот живот за сите,, како на пример брза интеграција во ЕУ и НАТО, за на крај Македонија да добие само една условна препорака од ЕУ и исто само еден условен прием без датум во НАТО. Кој е вашиот став за ваквиот дебакл?

Новата Македонска влада си постави цел која што всушност  го имаше и секоја македонска влада до сега – отварање на преговори со ЕУ и влез во НАТО, но со една разлика – Имено оваа влада за разлика од предходните не бира средства да дојде до целта и спреман е дури да го стави во ризик губењето на нациналниот идентитет. Националниот идентиет нема цена, но за моменталната македонска влада тоа не е така, па затоа го стави идентиетот и самоопределувањето во еден бубањ за да на  својот „успех„ во надворешната политика  прикаже напредок во евроатланскиот интеграционен процес, без притоа  да добие некаква гаранција дека тој нпредок и навистина ќе се случи.

До сега најголемата препрека за влез на Македонија во ЕУ беше името и во тој правец владата на Македонија потпиша договор со кој се бриши Идентитетот и именката Македонски. Како вие го оценувате овој договор и дали постои таков пример во меѓународното право?

Името на државата е составен дел од идентитетот и сметам дека во разговорите за промена на името не смеело да се влезе а без претходно да се праша народот.
Дали сега ќе се праша народот за тоа што „мисли за договорот„ тешко е да се погоди, но јас се надевам дека Владата ќе осигура да се одржи еден фер и независен референдум кој пак на граѓаните од Македонија ќе им овозможи да се чуе нивниот глас.
Во поновата историја сме забележале дека имало промена на име на држава и тоа се такви кои самите сакале, но ниту една држава не го променила своето име само затоа што некој на таа држава извршил притисок. Мојот страв е дека промената на името е само првиот чекор во загубата на македонскиот идентитет и дека грчката страна ќе има нови побарувања, а тоа пак ќе предизвика трајни последици за македонскиот идентитет, македонската култура, традиција и македонскиот народ.

Македонската влада се пофали со планот 3-6-9, но во извештајот на Европската комисија јасно и конкретно е насочено дека се бараат реформи во повеќе области, како што е владеењето на правото и корупцијата. Што мислите вие, дали Македонија во оваа година направи некакви реформи а кои можеме ние обичните луѓе да ги забележиме?

Тоа е прашање на кое вие можете да одговорите подобро од мене бидејќи Македонците се тие кои што ги чувствуваат или не ги чувствуваат реформите. Но што се донесува до планот 3-6-9 тоа е амбициозен економски и инвестициски план и добро е ако неговата примена дала конкретни резултати, но тој не може да биде замена за евроатланските интеграции. Политичката криза со која Македонија беше соочена претходните години  а која беше директно предизвикана од актуелнава влада која не сакаше да ја прифати својата улога на опозиција во тоа време, имаше последици со стагнација на реформите и економскиот напредок, бидејќи Македонија пред кризата имаше стабилен раст на БДП и низок степен на инфлација.

Дали очекувате Македонија да добие датум за преговори во Јуни 2019 имајќи  во предвид дека следната година се избори во Европскиот парламент, дали е тоа реално и искрено?

Инсистирањето на промената на името би можело да предизвика нова политичка криза што повторно ќе ги забави реформите, и оттука прашањето дали ќе се постигне напредок воопшто. Ако на тоа ги додадеме и изборите во Европскиот парламент во мај 2019 прашање е дали можеме да бидеме претерано оптимисти? Се надевам дека оваа комисија ќе се обиде да ја оствари својата цел за отворање на преговорите за време на својот мандат, но рокот е краток, а предизвиците се многу.

Генералниот секретар на НАТО  Столтенберг деновиве рече дека Македонија може да влезе во НАТО само ако успее референдумот. Дали е тоа директен притисок на гласачите под мотото „ или променете го името или нема влез во ЕУ и НАТО, што мислите вие?

Самитот на НАТО кој на 11 и 12 Јули ќе се одржи во Брисел е првиот тест за договорот помеѓу Македонија и Грција. Морам да признам дека со нетрпение очекувам да видам што во тој контекст ќе стои во заклучоците на самитот. Дури тогаш ќе можеме да зборуваме дали станува збор за притисок врз граѓаните на Македонија, но притисок од страна на меѓународната заедница ЕУ и НАТО веќе постои, тоа е сигурно, инаку преговорите ќе беа веќе отворени додека пак спорните прашања би се решавале во текот на преговорите и Македонија денес ќе беше полноправна членка на НАТО а можеби и на ЕУ. Притисокот се создаде  и е константен од моментот кога Грција вложи вето, и никој не проба да направи нешто конструктивно за тоа да се промени.

Маријана Петир (родена на 4 октомври 1975 година во Кутина) е хрватски политичар на Хрватската селска партија. Петир е член на Европскиот парламент од 2014 година. Член е на Комитетот за земјоделство и рурален развој, Комитетот за правата на жените и родовата рамноправност и Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет за Република Македонија до 2017 г.

Вашата земја Хрватска е член на НАТО и ЕУ, дали иселувањето на младите се спречи после влезот во ЕУ и што се направи ЕУ за младите да останата во земјата?

Патот на Хрватска во ЕУ беше исто така трновит, со многу препреки и понекогаш нереални барања но после скоро десет години, Хрватска постана полноправна членка на ЕУ и денес седи на масата на која се одлучува. Иако имаме пораст на БДП, пораст на извозот, раст на туризмот како и економски пазар од 500 милиони жители,  сигурно дека можевме многу подобро да го искористиме нашето членство во овие 5 години како и парите од фондовите кои ни стојат на располагање. Од друга страна пак, податоците  за незапосленоста и иселувањето на младите е поразително. Спрема најновите податоци на Еуростат, 348 000 работноспособни граѓани, меѓу кои 60 000 со високо образование се иселиле од Хрватска во друга европска држава член на ЕУ. Но за ова не треба да ја обвинуваме ЕУ, бидејќи ЕУ на сите овие граѓани им нуди мобилност и еднакви можности што и не така лошо. ЕУ нуди многу  можности и обврска на националните влади е да го искористат потенцијалот. За иселувањето на младите во Хрватска е одговорна хрватската власт која на младите не им овозможи услови за да останат, еднакви можности, работни места и решавање на станбениот простор.

Кога вие би биле премиер на Хрватска, дали би потпишале договор со друга држава каде вашата земја доброволно се одрекнува од своето име и идентитет, за да влезе во ЕУ и НАТО, што мислите вие на сето ова?

Ако се вратиме малце во минатото на хрватскиот пат кон ЕУ, ќе се сетите дека и ние имавме проблем со соседна Словенија, но разликата беше во тоа што тој наш проблем се третираше како билатерално прашање кое го решававме во текот на преговорите. Водејќи се од тој пример, во неколку наврати барав и македонско-грчкиот спор да се третира како билатерално прашање наместо да го кочи отворањето на преговорите, на жалост за тоа се немаше слух! Во тој контекст сакам да потенцирам уште нешто, имено влезот на Хрватска во ЕУ во тоа време беше рангиран како национален интерес број 1, тоа беше консензус за кој се сложија сите политички партии и сите заедно соработуваа за да ја оствариме целта. На жалост во Македонија  преовладуваат големи политички разлики кои пак премногу ја поларизираат политичката сцена и самиот македонски народ. Политичките разлики мора да се  остават на страна кога е во прашање националниот интерес и благосостојбата на народот.

Јас не играм лотарија затоа што не сакам да добијам нешто што не го заработив. Имам доволно за себе, но и за донации за оние што имаат потреба. Но, кога би играла на лотарија и би добила, сите пари ќе ги донирам – за сиромашни деца, деца без родители, болните и оние кои доаѓаат на светот и покрај тоа што се несакани. Ние треба да ја обезбедиме иднината на децата, бидејќи без нив нашата иднина нема да има смисла.

Што мислите зошто владата на Заев не сакаше вие и понатаму да бидете во лоби групата „Пријатели на Македонија„ каде што  вие лавовски се боревте ?

Со господинот Заев досега никогаш немав прилика да разговарам, затоа за вистинските причини можам само да нагаѓам. Жал мие што неговата Влада не беше спремна на соработка со мене и откога ја превзедоа власта никогаш не ме контактираа  иако многу често доаѓаа во Брисел, додека од други колеги застапници дознав дека позади мој грб формираат нова група на пријателство.

Исклучување и политизирање никогаш не бил мојот пристап на решавање на проблеми и јас сум убедена дека македонската влада мораше да ги надмине сите политички разлики и да ги собере сите оние кои ја сакаат Македонија и, и сакаат добро на Македонија за да може да ја  зајакне својата позиција кон Грција а не да крева „бело знаме„ и да падне на колена и да се согласи на неразумни барања.

Како би се чувствувале кога вашиот премиер лаже јавно пред ТВ екраните, во случајов Заев кој повеќе пати пред ТВ камерите рече „Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, мојот дедо, татко, сите мои предци  и ние сме Македонци. тоа не може да се случи, за само после два месеци да излезе пред Македонската јавност и да соопшти дека тој го прифатил името Северна Македонија?

Мислам дека секој човек природно чувствува разочарување секогаш кога некој ќе си го погази својот збор!

Ако е познато дека во Полска платата е околу 500 евра, колку е просечната плата во Хрватска имајќи предвид дека Хрватска е членка во ЕУ и членка на НАТО?

Според податоците на Хрватскиот Државен завод за статистика, просечната месечна нето плата за првиот квартал од оваа година изнесува 6.198 куни, што е 845 евра. Последните бројки за Полска се околу 757 евра, што значи дека Хрватска е малку подобра, но просекот на ЕУ изнесува 1500 евра, поради што нашите земји се далеку под просекот, но тоа е сепак значително повисоко отколку во Македонија.

Кога бевте последен пат во Македонија и кое место ви е омилено?

Морам да признам дека не сум била во Македонија во последниве неколку месеци, а кога доаѓам, секогаш е тоа поврзано со моите парламентарни обврски, конференции или состаноци. Но, секој дел од Македонија во која бев беше убав и посебен  на свој начин. Би сакала еднаш да одам за своја душа и едноставно да уживам во Македонија затоа што едноставно тоа е прекрасна земја што има многу нешто да понуди и има со што да се е гордее.

Ја сакате ли Македонската музика и дали имате фаворит?

Уживам во традиционалната македонска музика и фолклор. Тоа е прекрасно наследство. Сакам да го слушам починатиот Тоше Проески – и како на македонски така и на хрватски, тој беше посебен и одличен музичар кој во својата музика ќе живее вечно.

Каква е Маријана во приватниот живот, имате ли воопшто време за некој хоби?

Многу тешко. Ритамот на работата на пратениците во Европскиот парламент не остава речиси никакво слободно време. Отсекогаш сум бил голем работник, така сум воспитана. Освен тоа, моето семејство е многу важно и се обидувам слободното време да го поминам со нив. Исто така, сакам да готвам и да прочитам некоја добра книга. Јас сум член на волонтерската противпожарна бригада и ги поддржувам и ги следам фолклорните и народни обичаи секогаш кога ќе најдам време.

Што би му препорачале на Македонскиот народ кој се чувствува осамен и издаден?

Толку многу пати, македонскиот народ покажа храброст, преку што се манифестира големата љубов кон татковината, македонското наследство, грижата за иднината на претстојните генерации. Ние сме во историски момент соочени со еден голем предизвик во историјата на Македонија кој ќе одлучи за вашата иднина, но не се предавајте и немој да се чувствувате осамени затоа што не сте сами – имате пријатели во Република Хрватска, како и во делови од ЕУ и низ целиот свет.

Кога утре би добиле на лото 100 мио. евра, што би направиле со тие пари?

Јас не играм лотарија затоа што не сакам да добијам нешто што не го заработив. Имам доволно за себе, но и за донации за оние што имаат потреба. Но, кога би играла на лотарија и би добила, сите пари ќе ги донирам – за сиромашни деца, деца без родители, болните и оние кои доаѓаат на светот и покрај тоа што се несакани.

Ние треба да ја обезбедиме иднината на децата, бидејќи без нив нашата иднина нема да има смисла.

https://www.magazin.mk/%d0%b5%d0%ba%d0%bb%d1%83%d0%b7%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%80-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b2-%d0%bc%d0%b8/

 

На прво место

News image

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.