Вторник, 17 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Спскиот патријарх Иринеј му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит

alt

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе и помогнеме на црквата

Процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е нешто во кое вреди да се вложи, смета бугарскиот патријарх Неофит и се надева дека со божја помош ќе биде поддржан овој процес.

Неофит кој денеска учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија, на прашањето како во Вселенската патријаршија ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, изјави дека БПЦ има добра намера.

„Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со нив ќе бидеме радосни и среќни. Со божја помош ќе го поддржиме процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“ - вели Неофит.

За иницијативата на МПЦ-ОА, да побара признавање на нејзината автокефалност од страна БПЦ, пред извесен период, писмена комуникација размениле Српската и Бугарската православна црква. Во писмото што во медиумите беше објавено пред три дена, СПЦ изразува запрепастеност од тоа што Синодот на Бугарската Православна Црква ги информирал српските владици за преземената иницијатива. Истовремено, преку ова писмо српскиот патријарх Иринеј отворено му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит дека преземените чекори на БПЦ можат да се одразат негативно на нивните меѓусебни односи.

Анита Буховски

https://www.24.mk/neofit-gi-sakame-brakjata-makedonci-so-bozhja-pomosh-kje-i-pomogneme-na-crkvata

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.