Среда, 18 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
ОМД ги повикува земјите членки на НАТО да стават крај на двојните и манипулативни стандарди кон Македонија

Став на ОМД по повод условената покана за влез во НАТО

sg-skopje rdax

Условеноста на Република Македонија со промена на уставното име и идентитет по цена на својата интеграција во НАТО, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека е контрадикторна со принципите и интегративните политики на кои се основа Алијансата. 

И покрај тоа што ОМД од 2004 година е застапник на интегративните интереси на Македонија во НАТО, условената покана за отпочнување на пристапните преговори упатена кон „С****** Македонија“, ОМД верува дека не е триумф на македонската дипломатија вреден за прослава, туку понижувачки однос кон земјата и нејзиниот народ вреден за достоинствена одбрана на државниот суверенитет и интегритет. 

На 11-ти Јули 2018 година, на НАТО Самитот во Брисел, „С****** Македонија“ беше поканета да ги отпочне преговорите за членство во Северно-Атлантската Алијанса како нејзина 30-та членка, но притоа јавно понижена и јасно условена со исполнување на Преспанскиот договор. Доколку според Генералниот Секретар на НАТО - Столтенберг, „во име на праведноста, кредибилитетот и безбедноста, Алјансата упатува покана до С****** Македонија за отпочнување на преговори за членство“, условеноста на земјата со промена на нејзиното име, идентитет и устав, во најмала мера е неправедна и дијаметрално спротивна на основните НАТО заложби за слобода, демократија, човекови права и владеење на правото. Во прилог, одговорот на Столтенберг за тоа како да се реши парадоксот помеѓу НАТО интегративните аспирации на Македонија и народното незадоволство од Преспанскиот договор, со кој појасни дека „земјата има единствена шанса да се припои кон Алијансата преку реализација на Преспанскиот договор или да го отфрли истиот по цена на НАТО – изолација“, при што ја именува земјата како Поранешна Југословенска Република која има шанса да стане 30-та членка на Алијансата под името С****** Македонија (изговарајќи го нејзиното име без англиски превод), ОМД смета дека е чин на навреда кој отстапува од основните принципи на кои се заснова Алијансата. 

Имајќи во предвид дека неправдата создава незадоволство и револт, а не мир и безбедност, ОМД ги повикува земјите членки на НАТО да стават крај на двојните и манипулативни стандарди кон Македонија, како во нивен, така и во интерес на оддржливоста, просперитетот и геостратешката застапеноста на Алијансата. Во спротивно, непринципиелниот однос на Алијансата кон Македонија, ОМД стравува дека наместо мир и стабилност, би предизвикал контраиндикации во земјата, регионот и пошироко.

 

На прво место

News image

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.