Понеделник, 06 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на спогодбата со Грција?

makedonski-manifest-2

MAKEДОНСКИ МАНИФЕСТ, јавно му се обраќа на македонскиот народ:
БОЈКОТИРАЈТЕ ГО ПОНИЖУВАЧКИОТ РЕФЕРЕНДУМ НА 30 СЕПТЕМВРИ!

Браќа и сестри, Македонски манифест јавно ве повикува да го бојкотирате понижувачкиот референдум на 30 септември, кој го организира актуелниот премиер и влада на Република Македонија со цел уште повеќе да бидат понижени од нив родољубиви и чесни Македонци. Пример за тоа е референдумското прашање, кое е лукаво и крајно перфидно компонирано од три во едно прашање, и кое како што знаеме гласи:

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на спогодбата со Грција?

Во вака поставеното прашање премиерот и владата сакаат со еден потег да решат сѐ: ЕУ, НАТО, и геноцидниот договор/спогодба по однос на македонскиот идентитет со нашиот јужен сосед, кој сака конечно засекогаш да го финализира својот историски план за апсолутен геноцид врз Македонците. Сега со нивно идентитетско усмртување во што имаат штедра помош и од Брисел и Вашингтон, но пред сѐ од нашата квислингшка влада и нејзиниот премиер.

Во перфидно лукаво формираното референдумско прашање всушност (можеби потшепнато од Грците, но можеби и од нашите домашни ,,Грци“ во владата и парламентот) има Трјански коњ, малку суптилно, малку глупаво вкомпонирано во него, одејќи на претпоставката дека и народот е малоумен и глуп.

Имено, иако имплицитно поставена, фигурата на Тројански коњ, што се должи на инвенцијата на лукавиот Грк Одисеј, е многу јасно видлива за да не ја забележи проникливиот ум на Македонецот. Таа е лоцирана маскирано, во она што е наизглед отсутно во перфидното референдумско прашање, но е всушност толку присутно во неговата интенција, имено за да биде одбегнато.

Тоа е лукавиот парадокс кој им го шепнал некој на нашите властодршци можеби и од Атина, или и од Брисел и Вашингтон, за како што вели нашиот народ ,,да не се сетат власите“, а сѐ да помине мазно.

Тоа е, браќа и сестри, Името, главата на нашата историска и културно-цивилизациска меморија, која треба да ни летне засекогаш од рамењата и да нѐ снама како автентичен идентитет со своја неколкумилениумска генеза меѓу народите.

Имено, лукавите одисеи од актуелната македонска влада на чело со нејзиниот сега архиодисејски лукав премиер намерно не го вметнале во прашањето Името, сакајќи по заобиколен пат со ова навистина перфидно прашање да го ликвидираат него, како би ја заработиле славата на внесувачи на македонскиот народ во ЕУ и НАТО.

Навистина лукаво, погрчки и од Грците, поодисејски и од Одисеј, архетипот на лукавоста и подлоста на нашиот јужен сосед која што е добро залегната во нашата поодамнешна и понова историја. Значи, браќа и сестри, вака лукаво и подло формулирано референдумско прашање не потценува нас Македонците и Македонките небаре сме ретардирани, кои немаат умна способност за јасно видливите нешта.

Во прашњето е ЕУ. Дали сме за Европа, вавилонската ороспија како што не случајно ја именуваше неа Марко Цепинков. Да, сме но не по цена на лишување од својот идентитет, Името, кое е наша историска лигитимација, генеза, извор од кој пиеме со столетија живототворна вода, а сега наеднаш некој од странство и од дома, странски и домашни сатрапи ,,мајстори на смртта“, (П. Целан) сака да ни го секне и нас да нѐ одведе кај Вавилонската дама во Брисел како живи безидентитетски мртовци.

Не, браќа и сестри, честољубиви и родољубиви Македонци, ние не сме спремни да платиме таква цена за една мастодонска институција на бриселските политбирократи и на вашингтоските планетарни сатрапи на уривање на цели народи и култури со помош на НАТО, военопрофитерска институција која кај што ќе помине не расте трева. Институција која е формирана да ги брани банките и капиталот на западните корпорации и тајкуни што ја цицаат крвта на светската сиромаштија, а не да нѐ брани и заштитува нас.

Од кого? Од Русите кои ни се по многу нешта на културата и генезата поблиски од Американците и арогантните сили на Европа (Франција, Англија, Германија), кои само ја парчосувале Македонија, а сега со преименувањето и идентитетската смрт конечно ѝ го зготвиле мртовечкиот ковчег откако како што веќе мислат (ама ќе им се изјалови) дека ја стокмиле, нашминкале и облекле како идентитетски мртовец.

Арно ама спуштањето на мртовечкиот капак и зачукувањето на клинците за да не излезе однатре вампирскиот воскреснувачки дух на Македонија ги оставале на друг. Затоа што и покрај нивниот грозоморен фашистишки план на идентитетско убиство на цел еден народ сакаат да останат невини. Таа грозоморна задача им ја препуштиле на нашата квислингшка влада со нејзиниот премиер и коалициски (мислиме на Македонците-квислинзи) пратеници во неа.

Браќа и сестри, да се спротиставиме на таа луда идеја да нѐ ликвидираат идентитетски странските и нашите сатрапи ,,мајстори на смртта“,.

Ако сака нека оди топтан целата наша/ненаша влада заедно со нејзиниот премиер, министри и безлични македонски, безидентитетски пратеници, кои мислат со цревата а не со умот и срцето, во Брисел и Вашингтон, во ЕУ и НАТО, во Содома и Гомора на цивилизацијата, но ние не можеме да одиме таму под овие услови. Ние мораме да го сочуваме нашето достоинство, оти тоа е најскапоценото нешто што може да го поседува како имот колективното битие на еден народ.

Ние, браќа и сестри, честољубиви и родољубиви Македонци и Македонки мораме да го браниме и одбраниме достоинството кое ни е наследство од претците и претпретците, мораме да ги браниме нивните свети гробови кои ова квислиншка власт ги продава исто така заедно со најскапоценото што го поседуваме, Името како вруток на нашиот целокупен идентитет, како царски, божествен печат на нашето постоење од Првиот до Вториот и до сите други потопи што постојат и ќе постојат. Па зарем случајно и најревносниот Исусов апостол Павле беше залудно пратен од Господ во Македонија за да ја христијанизира и преведе во новата културолошка и цивилизациска епоха паганска Европа. Таа на која, имено, од тука ѝ беше упатено новозаветното слово на љубовта и општото братство меѓу народите, кое го практикуваше и Александар Македонски кого сега човекот-премиер од Муртино беневалентно (кого прашал за тоа?) им го дарува на Грците ,,лицем светци, срцем волци“, како што ги дефинира исправно македонскиот гениј и великомаченик Григор Прличев.

Па зарем и еден од најпознатите западни, европски библисти Ернест Ренан не рече јасно дека словото тргнало од Македонија кон Европа. Да. И дали затоа таа Европа сега ни враќа за тоа како благодарност со погребални дарови, со наше идентитетско потаманување? А?

Нашето искуство сега со Европа е дека таа со примерот, кон нас го враќа не срамежливо, туку на широка врата воскреснувањето на Третиот Рајх кој направи пепел од неа, покажувајќи дека таа ништо не усвоила од Слово на Љубовта и дека целосно му се предала на Сатаната за што речовито говори и еден од нејзините најингениозни умови Ј. В. Гете во своето генијално дело ,,Фауст“. Тој говори дека таа и ја предала својата душа на Мефистофел (Сатаната). Како резултат на тоа се и нејзините две светски војни што си ги подготви садо-мозахистички (комбинирајќи ги како чудовиште маркизот Де Сад баронот Мазох) двете светски војни во минатото столетие во кое испрати милиони свои жители, претежно млади, во идиотска смрт.

Ете, таква е Европа на морален план, браќа и сестри, која најверојатно ја очекува уште една голема катастрофа, според сите знаци, но таа не е свесна за тоа зариена длабоко во својот материјализам и екстранацистички егоизам.

Браќа и сестри, честољубиви и родољубиви Македонци и Македонки, сето тоа изнесено понапред како аргумент доволно јасно зборува дека не треба да излеземе на тој перфиден, понижувачки референдум кој нѐ прави ментално ретардирани. Ако баш сакаа да има некој референдум македонските квислинзи во власта и нивниот премиер тоа требаа, логички, да го сторат пред договорот со Грција, а не сега кога тие ја завршиле работата со нашата идентитетска смрт, па сега идиотски бараат од нас, сметајќи нѐ за глупави, да се сложиме со неа и да ја озакониме референдумски истата.

Ама ние не сма глупави, браќа и сестри, нити сме подли и лукави, такви се тие што со овој договор и на смртоносно референдумско, глупо прашање, по претекст дека ни обезбедуваат иднина со бришење на целокупното наше минато нѐ убедуваат најидиотски да се откажеме од својата автентична генеза, од изворот на постоењето и од своето достоинство кое не сакаме да го замениме за француски путер и швајцарско чоколадо.

Не! Македонски манифест, браќа и сестри, со чисто и искрено срце ве повикува вас сите честољубиви и родољубиви Македонци и Македонки да го бојкотирате овој перфиден, со мирис на идентитетски фашизам, референдум кој ве понижува и ве прави ментално ретардирани. Отфрлете го во име на вашето автентично постоење, генеза и Име, во име на вашето достоинство кое никој нема право да ви го оспорува. Ако трба, немојте да се плашите, речете како борците на онаа Пролетерска интернационала која се бореше за правда на човештвото, а која сега за да не се крене повторно ја држи под контрола НАТО: ,,Смрт на фашизмот, слобода на народот“.

Време е, оти ова е веќе неиздржливо.

Стоп!

Бојкотирајте го, не излегувајте на перфидниот референдум на Заев и неговата клика, на оваа хунта и страховлада. Бидете храбри, оти борбата за Името и идентитетот почнува од денес. Од овој миг. Таа може ќе трае и цело едно столетие. Може и повеќе. Но неа ние ќе ја добиеме.

Да живее Македонија и нејзиното бесмртно Име!

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

 

На прво место

News image

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ

ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ ТВРДИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.