Сабота, 11 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонски народе, Зоран Заев е политички мртов! Зоран Заев е ПОЛИТИЧКИ МРТОВЕЦ!

alt

Алдо Климан

„Духот на народот е кревок и лесно се крши,

но добро е што може бргу да закрепне и повторно да се крене”

(Африканска народна поговорка)

Заев е политички мртов! Да се обединиме за слободна и достоинствена Македонија!

Сите демократски политички партии и сите организирани општествени и интелектуални сили треба веднаш да започнат јавни, заеднички договори и консултации за итно формирање Влада на национално единство во сенка, да ги извршат сите потребни организациски подготовки за извонредни, предвремени избори, и за тоа да ја известат меѓународната јавност. Нема причини да се чека ступидниот предавнички референдум, кој и така е осуден на неуспех!

Започна очајничкиот политички и морален delirium tremens на национално изопштениот давеник Зоран Заев, несомнено најголем и најодвратен предавник во македонската и во светската историја. Неговите последни хаотични изјави во врска со Илинденското востание, и избезуменото, бедно поданичко ли(з)гавење и „полжавење” пред окторираните бугарски окупатори од правно неважечката хартија со негов потпис што се вика „Договор за добрососедство”, и невидените мизерни, недостоинствени кукавички извинувања и цимолења, апсолутно недостојни за премиер на една суверена држава, само очебијно потврдуваат дека Заев, во својот патолошки страв од крајот што со неверојатна брзина му се доближува, сосема „се одлепил”, „се откачил”, и оти со него дефинитивно е готово!

Народот и државата не можат и не смеат веќе да се потпираат врз таков зашеметен и изгубен човек што пред наши очи се разделува од умот, и кој панично, од час во час, надевајќи се дека сепак некако ќе му се посреќи да се извлече, си го поставува судбинското прашање каде да бега: кај Бугарите, кај Грците, кај Албанците? Не, таму не го чекаат ниту браќа ниту пријатели, туку бесчувствителни грабежливи доверители што само сакаат да си го наплатат својот крвав долг, туѓински крвници што ладнокрво ќе го докусурат како што тоа секогаш бива со велепредавниците што не успеале да го спроведат и до крај да го „испорачаат” нарачаниот злостор. А може ли Заев да избега кај својот народ? Не, не може; народот го прочита Заева како црна рентгенска снимка на човек заболен од најстрашна и најнеизлечлива болест што се вика велепредавство и корупција! А може ли да избега од својот народ? Не! Тука го чекаат најстрашни казни: ПРЕЗИРОТ и судските прогони и затвор за своето црно велепредавство и за организираниот политички и финансиски криминал во власта! Таа безизлезна слика на Зоран Заев му е сѐ поизострена, и знае дека од тоа нема да куртули. Нека не ве залажува тоа што сеуште го гледате на ТВ и што, онака со вратоврска и од високо, сеуште ги дава своите празни политички изјави.

Си спомнувате, и Садам Хусеин препотентно пукаше во воздух со својата двоцевка и им се закануваше на противниците само неколку дена пред кукавички да избега и да се сокрие во шахтот во кој го пронајдоа, мрсен, испотен, валкан, зараснат во брада и косишта и изеден од болви и вошки!

Зоран Заев не пука(ше) со двоцевки, туку со своето единствено оружје и орудие: ЛАГИТЕ! Но и тој остана без фишеци! Лажеше, лажеше, долага! Пукаше, пукаше, допука! Само сеуште се обидува да ни мавта пред носот со својот последен ќор-фишек: референдумот! Но од него тој ќе чуе само пуф-тррт-прфжљкккќ!

Нема ништо од референдумот! Заев и неговата предавничка и големоалбанска клика ги чека невиден БОЈКОТ, па ниту сите влечења на народот за уши, ниту сите инженеринзи и подмолни местенки и фалсификати нема да му успеат, дури ни со помош на меѓународниот безобѕирен и безобразен интригант Јоханес Јан, во Македонија апсолутно непожелен и неканет гостин, а самоповикан „помагач” заевскиот референдум за нашето национално самоубиство „да успее”.

Македонски народе, Зоран Заев е политички мртов! Зоран Заев е ПОЛИТИЧКИ МРТОВЕЦ!

Погледнете го само тоа избезумено бледо лице на морално-политичкиот труп што месечарски изгубено талка меѓу своите грчко-бугарско-албански налогодавци, и со очаен поглед како кон студени месечини свртен кон некои светски лидери за да му помогнат да го уверат македонскиот народ во она во што не можат да го уверат ни со далекуметни томахавки: да гласа за своето национално самоубиство. Погледнете го тој Зоран Заев, погледнете го исплашеното измамничко лице на тој беден изопштеник, сосема отпаднат од својот македонски народ! Каков беден крај!

Час е, сестри и браќа, граѓани на Република Македонија, најитно да се обединиме за спас на нацијата од заканувачкиот и конечен смртоносен сеопшт колапс од кој ќе нема враќање!

Сите демократски политички партии и сите организирани општествени и интелектуални сили, без оглед на идеолошки и други определувања или етнички и какви да е други разлики треба веднаш, уште денес, да започнат јавни, заеднички договори и консултации за итно формирање ВЛАДА НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ВО СЕНКА, да ги извршат сите потребни организациски подготовки за скорешните извонредни, предвремени избори, и за тоа да ја известат меѓународната јавност! Ова сега не е прашање на меѓупартиски натпревар во тоа кој ќе победи, поголемата или помалата партија, левицата, десницата или центарот, ниту кој ќе биде најитар и кој ќе се дограби до власта! Таквите политики и таквите амбиции мора засекогаш, и особено денес, да останат зад нас и никогаш да не се повторат во вистинската демократијата што ќе ја избориме и што ни е потребна како лебот наш насушен! Ни треба национална мудрост, а најмудро ќе постапат оние што во овие апсолутно трагични и конечно најризични, решавачки мигови за Република Македонија, за македонскиот народ и за народностите што живеат во неа ќе ги сплотат душите и главите заедно против ова големо зло, општонационалниот распад само заради внатрешниот морално-политички распад и предавничко лудило на гнилото јаболко што се вика Зоран Заев.

Република Македонија има прекрасни, чесни и квалитетни луѓе од сите генерации, особено младите, умни, школувани, стручни, професори, доктори на науки, а одвнатре набиени со длабока, исконска потреба по демократија и соживот, луѓе модерни и компетитивни во меѓународниот цивилизациски натпревар, но истовремено свесни и за важноста и вредноста на националното културно-историско наследство и традиции, луѓе што можат на светот да му покажат, му покажуваат и ќе му покажуваат дека Македонија, ова прекрасно, невино парче земја во центарот на светот, не е создадено за омраза, грабеж и војни, туку за љубов и пријателство, за песна и среќа, за напредок и врвни културни, научни и цивилизациски досегања; луѓе што се и ќе ѝ бидат вистинска гордост и најдостоинствени репрезенти на Република Македонија во целиот свет!

Но од оваа наша заедничка преубава Рајска градина – Македонија, најнапред треба најбргу што е можно, веднаш, да се искорнат, да се искоренат и да се испадат црните велепредавнички и кримогени гнасови, до гуша потонати во безобѕирна корупција и политичко-полициско насилство, собрани околу живиот политички мртовец Зоран Заев, кои ја потонаа нашата единствена заедничка татковина Република Македонија во невидено црнило, најголема меѓуетничка и социјална напнатост, раслоеност и разделеност, како и на најприземни, уличарски понижувања и сеопшта меѓународна бламажа.

Да се обединиме за слободна, независна и достоинствена Република Македонија!

https://republika.mk/948367

 

На прво место

News image

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ

ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ ТВРДИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.