Среда, 29 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Пратениците да се откажат од средствата за себерекламирање под превезот на референдум
alt

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата и нејзините пратеници да се откажат од средствата за себерекламирање под превезот на референдум и истите да ги пренасочат кон конкретни проекти

Во однос на спорните одлуки на Владата на Република Македонија за пренамена на средства од буџетите на определени институции, како и дополнителните префрлања од Владини институции на Собранието на Република Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ има единствен став дека своеволната одлука на Владата и нејзините пратеници за финансирање кампањи не е од интерес на граѓаните на Република Македонија.

Без разлика на тоа каков би бил ставот кој се рекламира, цениме дека тие средства треба да бидат наменети за реализација на проекти од кои има реален интерес. Соодветно, средства кои се планираат за пренамена од образование, треба да се за изградба на училишта. Оние од земјоделие, за помош на земјоделците. Или пак тие од Одбраната, за соодветно опремување на војниците. Токму со вакви предлози веќе излезе и ВМРО-ДПМНЕ.

Спротивно на тоа, финансирање на своеволна кампања од власта со буџетски средства на граѓаните е погрешна одлука. Тие средства никој не им одобрил на пратениците од власта или нивните функционери да ги трошат за себерекламирање.

Оправдувањето дека тие би биле за медиумска кампања за поддршка на референдумот се неосновани. Дополнително ја девалвираат способноста на граѓаните сами да проценат за придобивките од Договорот со Грција, како и за поврзаноста со Европските стандарди и принципи.

Ги повикуваме Владата и нејзините пратеници да се откажат од средствата за себерекламирање под превезот на референдум. Тие да ги насочат кон конкретни проекти во реалниот сектор. А информирањето за различни видувања околу можните исходи и последици да бидат предмет на бројни медиумски соочувања во претстојниот период, како и со јавно споделување на аргументите за опциите кои се нудат.

Тоа би било во најдобар интерес на зајакнување на демократските капацитети во државата и носење на информирани одлуки во интерес на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.