Среда, 29 Август 2018    Печати
Заев и СДСМ мора да си заминат
alt

Договорот кој го потпиша Владата е штетен, ја понижува нацијата, го менува името, идентитетот, јазикот и историјата

СДСМ како расипана грамофонска плоча не запира да ги преповторува истите фалш тонови. Секој ден исто соопштение со кое сакаат да го исперат Зоран Заев за капитулантскиот договор кој го склучи.

Договорот кој го потпиша владата е штетен и не и носи ништо добро на Република Македонија.

Капитулантското дело на Заев не не носи поблиску до ЕУ, тоа ја понижува нацијата, го менува името, идентитетот, јазикот и историјата.

Заев повеќе од една година потроши за капитулацијата која сега преку референдум му служи како димна завеса за целиот криминал кој го прави.

Република Македонија е мека за криминал и корупција и тоа е факт кој го нотираа најголемите светски медиуми. Државата под контрола на Заев се претвори во апарат за финансирање на бизнисите на врхушката на власт.

Кон која Европа се стреми Заев, со делење милионски тендери на штотуку формирани фирми, шемата разработена преку Министерството за здравство, Фондот за иновации и сега со ЈСП.

Кон која Европа се стреми Заев, со не хигиена низ градовите, нерешени основни комунални проблеми и нефункционалност на локалните власти да се справат и со најминорни предизвици.

ЕУ бара реформи, владеење на правото и борба против корупцијата, а не нејзино субвенционирање како што тоа Заев го прави. Заев ја оддалечува Република Македонија од ЕУ и врши економски геноцид врз сопствениот народ.

Заев и СДСМ мора да си заминат.

ВМРО-ДПМНЕ