Четврток, 30 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Народот е за ЕУ и НАТО, но против капитулантскиот договор на Заев
alt
Народот е за ЕУ и НАТО, но против капитулантскиот договор на Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Општиот грабеж кој во моментов го спроведува криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев се обидува да го покрие со нови поделби на граѓаните.

Криминалот и расипништвото не се европски стандарди. Да се делат крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра на фирми кои постојат еден месец не е европска вредност.

Да се ангажираат камиони на братот Вице во нетранспарентна процедура не е европска вредност.

Да си доделуваат лиценци за бизниси со марихуана или да се отстапува градежно земјиште во Струмица сам на себе или на семејството исто така не е европска вредност.

Фондот за иновации да дели средства на роднини на советници без никаков критериум, не е европска вредност.

Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој сите го видоа како бара мито од „едно евро за црквата и едно евро за Вице“. Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој е два пати аболициран за криминал.

Ваквото криминогено однесување на власта не може да се сокрие со поделбата на народот на проевропски и антиевропски.

Господине Заев, најголемиот дел од граѓаните е за влез во НАТО и ЕУ, но жестоко се противи на капитулантскиот договор што го потпишавте со нашиот јужен сосед.

Договорот што го потпишавте со Грција значи бришење на македонскиот идентитет. Со капитулантскиот договор се менува името на Република Македонија, се менува уставот на Република Македонија, македонскиот јазикот, македонската националноста, македонската културата, македонската историјата и традицијата. Република Македонија не само што се откажува од Македонците надвор од границите на државата, туку се откажува од сето она за кое што се бореле нашите предци и за сето она што ни е дадено да го чуваме во аманет.

Да се поистовети несогласувањето со ваквиот штетен и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е невидено потценување токму на македонската народ.

Европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како Вас, ќе излезат надвор од политиката и нема да имаат шанса по трет пат да бидат аболицирани.

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.