Среда, 12 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
РЕФЕРЕНДУМОТ Е СТАПИЦА! ЗАТОА ГО БОЈКОТИРАМ!

sotir-grozdanovski
Сотир Гроздановски-Македонски

ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ? СЕ ПРАШУВА ПРОФЕСОРКАТА МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА!

Па одма да ви одговорам, почитувана шарена професорке: - чистење на  Македонија од монструми како вас и луѓе со болни идеи кои не го разбираат злото што се крие во спогодбата  меѓу Грција и "Втората страна".

Повеќе пати сум пишувал за  Мирјана Најчевска, од нејзината улога во "шарената револуција" кога Македонија ја нарече  "ЌЕНЕФ" држава и заедно со многу други ги уриваше македонските  државни и општествени институции,  ги нагрдуваше спомениците на македонските борци за слобода, го уништуваше  општествениот имот ширум нашата земја, ја предизвикуваше македонската полиција па  еве до денес, кога таа се чуди зошто  Македонците биле против референдумот на 30 септември 2018 година. Но за жал и покрај сето тоа, никогаш не ми текнало да ја известам широката јавност, внатре и надвор од Македонија, која е впрочем, Мирјана Најчевска! 

Верувајќи дека,  после многуте пишувања за нејзиното место во Соросовата пеколна мрежа, те како активисткиња  во групата на македонските  изроди и најголеми  негативци ја сфатила пораката на Македонците и  се обидела да ја исчисти  душата и совеста, но особено  угледот на Институцијата која и' овозможува  добра живеачка,  намерно испуштив да одам подлабоко во нејзината личност и улогата која ја има во македонското општество, односно во образованието на младите македонски луѓе.

Овој пат, како ќе видите, се осмелив да ја исправам  грешката!   Ќе ви ја претставам оваа македонска универзитетска професорка во светло , согласно податоците во нејзината, инаку, морам да признам, импозантна биографија. Не сакам да ве заморувам  со сите нејзини професионални дострели, зошто излегуваат од рамките и целта која  си ја поставив пред започнувањето на  денешнава колумна.  Нив ќе им ги препуштам на  моите колеги кои ќе, веројатно, искажат подлабок интерес за душата и разумот на главниот јунак во приказнава пред вас, Мирјана Најчевска.

Па ево да ја започнам, без  претензии да ја разубавам или нагрдам    нејзината слика и ги  обезвредам нејзините творечки дострели во полето на ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА во светот, туку да ја кажам, само, вистината и нејзината негрижа за  ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА НЕЈЗИНИОТ НАРОД И НЕЈЗИНАТА ДРЖАВА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Најчевска се' уште "бара" одговор на прашањето, зошто Македонците протестираат и се против Спогодбата во Нивици од 17 јуни 2018 година, особено против претстојниот референдум, чии успех ни гарантира потполно исчезнување од меѓународната сцена како древен народ со завидна историја и цивилизациски дострели како придонес во развојот на човештвото во светот.

Таа го знае одговорот, а ние ги читаме нејзините зли накани. Од   личност, како неа, која го мрази својот сопствен народ и државата македонска, не можи да се очекува ништо добро!  Македонците се паметни  и затоа  во оваа  битка, која одлучува да се биде или да се исчезне од светската мапа, ќе победат, ако се сакаат себеси и  Македонија како држава на Македонците и малцинствата во неа!

Исчезнувањето на македонската историја, македонската култура, македонскиот јазик, македонските традиции и обичаи, сите топоними што го носат името македонско, сите документи, дипломи, крштевки, венчавки, имињата на новороденчињата  македонски, идентитетот на државата Македонија и на Македонците во неа, не се нешта  за кои се преговара и договара, зошто го чинат темелот на еден народ, на едена нација,  на една држава. И против сето тоа и отвореното неслагање на мнозинството граѓани во Републиката, тие се запишани во договорот помеѓу Коsијас и Никола Димитров  како обврска за "Втората страна" (Македонија)  да ги изврши, како услов за влез во НАТО и Европската Унија, без одредување временски термин и гаранција за реализирање.

Но, не е само тоа, најважното и наjстрашното по националните онтереси на Македонците се амандманите за преуредување и ревидирање на македонскиот Устав, кои се чуваат во тајност. Во тајност, зошто им служат на македонските властодршци и предавници како последна и одлучувачка бомба со која ќе ја однесат Македонија и Македонцитe во  Историјата на  народите, со високо развиени цивилизации, а сега веќе ги нема.

Со прифаќањето на предложеното име за нанашата земја да биде "Северна Македонија" постануваме нова држава. Ја започнуваме нашата историја од нула и како "северни Македонци", воопшто непознати во историјата на човештвото постануваме   мета на повампирените учесници во поделбата во Букурешт 1913 година, Грција, Бугарија, и Албанија! 

Но, ќе забораев да го споменам и тоа, дека со самоодрекнувањето на Македонците од самите себе, се одрекнуваат и од својата земја на која хабитуваат со милениуми. Едино Албанците во Македонија, како самонаречен "народ автохтон" и "државотворен", ќе останат не гибнати, со сите права кои Македонците ги губат во нивна полза. Постануваат староседелци и сопственици на земјата  со сите блага и драгоцености под и над неа, зошто северните Македонци ќе бидат натрапници и ново дојденци на "нивната територија", за која  и така  тврдат дека е нивна. Ние ќе им бидеме подстанари, а тие станодавци со право да ни дадат отказ, во секое време и  да не истераат како бегалци,  не сакани во "нивната земја". 

Ете затоа е натуркана двојазичноста да биде мост кон тотално губење на Македонија и македонската нација после признавањето на преспанската спогодба со Грција.  Нестанувањето на македонскиот јазик, заедно со плански  одолговлечувањето на  нејзиниот прием во НАТО и ЕУ, Македонија  постанува еднојазична, со официјален јазик Албанскиот. Тоа е и една  од најголемите причини зошто сите Албанци настојуваат името на Македонците, името на државата заедно со нивните идентитети да се променат и на лесен начин да ги заменат Македонците, за што активно се залага нашата професорка Мирјана Најчевска, Љубомир Фрчковски, Мирослав Грчев, Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и се разбира ненародната, квинслишка и предавничка Влада која пали и гасни низ Република Македонија.

Но, наскоро ќе видиме, како ќе се однесува ВМРО-ДПМНЕ, како главен и одлучувачки фактор во две третинскиот кворум, кога ќе дојде  преспанската спогодба во Собранието. 

ТОА Е УШТЕ ЕДНА ПРИЧИНА ЗА  МАСОВЕН БОЈКОТ НА ЕСЕНСКИОВ РЕФЕРЕНДУМ,  СО КОЈ МАКЕДОНЦИТЕ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ КОИ СИ ЈА САКААТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МОРААТ СПОГОДБАТА СО ГРЦИЈА БЕЗУСЛОВНО ДА ЈА ОТФРЛАТ, ЗОШТО Е ШТЕТНА И ЗЛОСТОРНИЧКА ЗА  МАКЕДОНИЈА!

Се разбира, сета оваа проекција за нашата иднина не ја создадоа  Албанците сами. Затоа не би требало сето незадоволство од настаните кои ја тресат македонската држава и го вознемируваат македонскиот народ да ги фрлиме врз нивните плеќи. Имаат и тие свои пријатели зад себе  на чии услуги  трошат милиони било од која валута. Албанците имаат само желби за стварање на Голема Албанија, во која ќе ги сместат сите Албанци, по пат на Милошевиќ, сите Срби во една голема држава, па ја изгуби половина Србија.

Но да се вратиме на професорката Мирјана Најчевска и нејзините не разбирања "ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ"? Таа во својата колумна во "Либертас" од 04 септември 2018 година вели: "Слушам многу фрази - вечна Македонија, свето име, ненародна власт, геноцид, само една љубов, одбрана на татковината..." и продолжува "она што не го слушам е што навистина нудат како резултат на своите активности луѓето кои повикуваат на бојкот на референдумот. Еве да претпоставиме дека бојкотот ќе успее и референдумот ќе пропадне. И да претпоставиме дека тоа ќе доведе до откажување од договорот од Преспа. И, што понатаму"?

Почитувана професорке, кога урлавте како мајмуни низ Македонија  измачкани со боите на "шарената револуција" при тоа уништувајќи го сопственото национално и демократско   општество предводени од хулигани, како вас, кои денес со ваша заслуга ја продаваат својата сопствена држава и својот сопствен народ за добивање можност влез во НАТО и Европската унија, го очекувавте ова што го добивте? За ваква  ли "Ќенеф" држава  се боревте?

Македонците очекуваат да ја вратат власта назад  во своите раце, како едини суверени во земјата, и да му ја доверат на луѓе, кои ќе направат ред и мир во Република Македонија и со својата чесност, знаење и љубов, да ја изградат и повисоко постават во светската заедница на народите од она што ни го нуди НАТО и Европската унија со своите постојани не чесни и нецивилизирани уцени и закани:

ПРВО ВАШИОТ ЖИВОТ, ПА ПОСЛЕ КАЈ НАС ВО НАШЕТО ДРУШТВО! 

Ако е ова што им  го донесовте на својот народ и Зоран Заев да ви биде водач и политички идол, јас би рекол дека направивте голема грешка, која  чека на наплата било кога. Но, спрема вашата титула и редица членства во разни домашни и меѓународни организации, вие би требало да се срамите заедно со тие во Универзитетот кои дозволуваат се' уште да се шетате горе долу по неговите коридори, од внатре да ја уривате Македонија  и продавате на Грција, Бугарија и за уште посрамотно, на Албанците.

Да се срамите што се' уште не го најдовте одговорот на   вашето прашање: ШТО НУДАТ ЛУЃЕТО КОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

БАРАНИОТ ОДГОВОР Е ВО ПОДНАСЛОВОТ НА ТЕКСТОВ! 

http://www.bukovo36.com/440712157

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.