Четврток, 13 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Стоп за македонскиот етноцид!
alt

Платформа на Сојузот на македонски здруженија од дијаспората: Стоп за македонскиот етноцид!

Сојузот на македонски здруженија од дијаспората усвои платформа на Концефенција одржана на 11 септември 2018 година во Париз. Сојузот на македонски здруженија од дијаспората реагира на „антимакедонскиот, противуставен, противправен и репресивен договор склучен помеѓу властите на Алексис Ципрас и Зоран Заев на 17 јуни 2018 („Грчкиот договор“), како и референдумот во поткрепа на тој Договор“.
Македонските здруженија и активисти од Австралија, Европа и Соединетите Американски Држави, ја усвоија платформата, која ја пренесуваме во целост:

1. Грчкиот договор, а со тоа и најавениот референдум е антимакедонски, противуставен, противправен и репресивен затоа што:

а) Ја легитимизира грчката националистичка и ревизионистичка индоктринација дека не постои автохтон македонски етнички/народен идентитет, дека Македонија е античко-грчка територија, дека во Егејскиот дел на Македонија отсекогаш живееле само Грчки ‘Македонци’ и никогаш домородни етнички Македонци, дека македонскиот народен идентитет е вештачка творба од крајот на Втората Светска Војна, ограничена на територијата на Република Македонија, а со тоа и дека не постојат домородни етнички Македонци во деловите на Македонија под Бугарија и Албанија;

б) На националистичкиот Грчки режим му дава право да ги редефинира и цензурира идентитетот, Уставот и законите на Република Македонија, вклучувајќи законско ограничување на меѓународно утврдените човекови права на слободна самоопределба, слободна самоидентификација, слободно одржување на својот културен и етнички идентитет, слободно изразување (со зборови и симболи), слободно асоцирање (со своите македонски сонародници од егејскиот дел на Македонија), слободно истражување на своите историски корени, како и слободен дискурс околу историски вистини и повреди врз човековите права и
слободи. Со тоа Договорот претставува делење, отуѓување и/или пренесување на суверенитетот на Република Македонија, што е забрането со Член 1 од Уставот, односно за што ниту Парламентот, ниту граѓаните на референдум имаат овластување, туку напротив им е забрането.

в) Ја пренесува во Република Македонија вековната етноцидна политика на Република Грција и Република Бугарија врз македонскиот народ во нивните државни граници, според која се врши систематско нарушување на човековите права на етничките Македонци само затоа што го одржуваат својот етноисториски идентитет.

г) Предвидува бришење на делот од преамбулата на Уставот кој утврдува дека Република Македонија е основана од македонскиот народ и дека Уставот е
донесен врз основа на Илинденските и АСНОМските вредности и стремежи. Тоа претставува темелно, односно суштинско рушење на Уставот на Република
Македонија и задржување само на неговата форма, како празна школка.

д) На предвидениот референдум се бара граѓаните да гласаат за Уставни амандмани кои не се јавно обелоденети и не се изложени на отворена дебата,
што значи дека е невозможно референдумот да важи како мандат за спроведување на такви амандмани.

ѓ) Се предвидува за редефинирање, цензурирање и задушување на македонскиот етно-национален идентитет да гласаат луѓе кои не се или не сакаат
да останат носители на тој идентитет, што се коси со меѓународното човеково право на поединецот самиот да си го определува својот етнички идентитет, без
државни или политички рестрикции. Со тоа се предизвикува длабоко меѓуетничко нетрпение и непочитување во Македонија, со несогледливи
последици по соживотот, мирот, безбедноста и стабилноста на општеството.

е) Договорот и референдумот претставуваат газење на човечкото достоинство на припадниците на македонскиот народ и сквернавење на саможртвите кои нашите предци ги дале во повеќевековната борба за слобода и правда. Срамот за тоа обесчестување и сквернавење ќе треба да го носат нашите идни генерации, кои  немаат прилика да гласаат, ниту ќе имаат објективна можност да ја исправат
направената штета.

ж) Договорот и спогодбата претставуваат легитимирање на големорчките конструкции наменети за прикривање на историските вистини за злосторствата,
геноцидното етничко чистење и присилната асимилација врз домородните Македонци во делот на Македонија кој Грција го окупира од 1912г наваму. Ако
учесниците во Договорот беа навистина определени за либералните вредности на современите демократии, или барем човековите права и слободи кои во
Обединетите Нации се утврдени за да не се повторуваат злосторствата од Втората светска војна, ќе бараа извинување од Република Грција за историските
неправди врз македонскиот народ и другите етнички малцинства во Грција, како и прекин на систематското државно и општествено угнетување.

2. Не само етничките Македонци, туку сите чесни и правдољубиви граѓани на Република Македонија треба да се воздржат од соучество во најавениот
невалиден референдум, а неговите организатори и соучесници да ги повикаат на политичка и кривична одговорност за рушење на Уставот, за потчинување на државата на конфликтни странски интереси и за злоупотреба на јавни функции и
јавниот буџет.

3. Изразуваме солидарност и желба за соработка со сите други организации, активисти и движења кои искрено се залагаат за отпор против политиките на
Грчкиот договор и за бојкот на референдумот.

4. Сојузот го овластува Игор Аврамовски АЛЕКСАНДРОВ од Австралија, како свој застапник во кампањата против учество во референдумот.

5. Најстрого ја осудуваме измамничката, репресивна и деструктивна политика на партијата СДСМ, која злоупотреби лажна платформа на борба против
корупцијата за да профитира токму од систематизираната корупција, односно од државната партизација, етносегрегацијата, непотизмот, клиентелизмот,
негативната селекција, двојните аршини во применувањето на законите, трговија со суверенитетот, интегритетот и идентитетот на Република Македонија, како и трговија со човековите права и слободи на македонскиот народ низ светот, во коалиција со националистичко-екстремистичкиот партнер од претходната власт, партијата ДУИ, за која Зоран Заев уверено тврдеше дека е партнер во
корупцијата на претходната власт.

6. Најстрого ја осудуваме засилената злоупотреба на судството и полицијата за пристрасен прогон, врбување, заплашување, тероризирање и рекетирање на
политичките противници, заштита на своите приврзаници од законот, како и скандалозно ослободување на осудени убијци и други криминалци, при што
законите, фактите и доказите се подредени на политичка селекција и калкулација, со нетранспарентни ‘правни’ процеси и дилентантски ‘правни’
толкувања.

7. Најстрого ги осудуваме ентузијастичките заложби на актуелната власт да ги задоволи репресивните желби на Република Грција и Република Бугарија за
цензурирање на македонскиот домороден идентитет и правото на слободна самоопределба, слободно изразување и слободно одржување на културноисториското наследство на македонскиот народ, преку промена на името на државата, историски ревизионизам, уважување на националистичко-расистички фалсификати за македонската историја, рушење на споменици, преименување на автопат и аеродром, политичко цензурирање на истражувањето и изучувањето на историјата, како и директно негирање, омаловажување и исмејување на етничките и националните определби и чувства на домородните Македонци.

Таквата политика е во служба на прикривање на етноцидното уништување на Македонците во деловите на Македонија под Република Грција и Република
Бугарија, како и легитимизирање на големоалбанските индоктринации дека Република Македонија е албанска земја, а Македонците се вештачка творба од
словенски окупатори.

8. Веднаш треба да се прогласи за неважечка репресивната Времена Спогодба со Грција, од 1995г, со која на националистичкиот грчки режим му се дозволува да учествува во редефинирање на идентитетот на Република Македонија и македонскиот народ, вклучувајќи ограничување на правото на македонските граѓани, според слободна самоопределба да го изразуваат својот етноисториски идентитет. Секоја власт што учествува во легитимизирање и применување на таквата спогодба (невалидно ратификувана во име на Република Македонија од страна на режим што обезбеди специјално парламентарно мнозинство преку флагрантно фалсификувани избори) го поткопува суверенитетот на граѓаните на Република Македонија и му ги погазува на македонскиот народ меѓународно кодифицираните човекови права и слободи.

9. Времената Спогодба со Грција треба да се замени со нова понуда на добрососедски договор, за безбедносна, одбранбена, културна, економска и
социјална соработка, врз основа на почитување на државните граници, државниот суверенитет и човековите права кодифицирани со Универзалната
Декларација за Човекови Права на Обединетите Нации, Меѓународната Конвенција за Граѓански и Политички Права и Меѓународната Конвенција за
Социјални, Економски и Културни Права.

10. Актуелниот владеачки режим во Република Македонија го сметаме за антимакедонски, антидемократски, квислиншко-окупаторски и криминален,
заради што поддржуваме секаков отпор против неговото владеење, преку граѓанска непослушност, протести, тужби, политички санкции и други политички
методи.

11. Ќе ја поддржиме секоја граѓанска и надпартиска иницијатива за враќање на домородниот карактер на државата, според Илинденските и АСНОМски идејни стремежи, но со обемно реформиран политички и правен систем, за да се стави крај на корупцијата како норма, да завладее еднаквост пред законот, заштита на човековите права и слободи и еднакви прилики, социјална правда и економски просперитет, засновани на вреднување на трудот, плодотворноста и човечката етика, за сите граѓани, независно од етнитет, религија, пол, идеолошка или партиска определба.

Ја осудуваме заткулисната политика на емисарите на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, со која поддржуваат криминално, репресивно и
деструктивно владење со Република Македонија. Сите Македонски организации во дијаспората треба да се мобилизираат во информирање на светската јавност за таквата политика, која лицемерно се води во име на демократијата, слободата, човековите права и владеење на правото, а дијаметрално се коси со тие определби и притоа го антагонизира народот кон анти-САД и анти-ЕУ определба.

Во едногласното усвојување на платформата учествуваа:
1. Зоран Ивановски – Њу Џерси, САД; 2. Игор Александров – Претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија; 3. Илона Захариева – Македонско здружение Камен Мост, Италија; 4. Сузана Сурловска-Георгиевска – Француско-Македонска Асоцијација Блаже Конески; 5. Јонче Спиридонов – Францијa; 6. Филип Тодоровски – Сиднеј; 7. Бојан Драгановски – Франкфурт; 8. Даниел Илиевски – Париз, Франција; 9. Славе Трајковски – Париз, Франција; 10. Живко Стојмановски – Париз, Франција; 11. Ленче Трајковска – Париз, Франција; 12. Максимилијан Казаков – Претседател на Македонската заедница во Малта; 13. Наде Дуклеска – Малме, Шведска; 14. Стојче Смиљанов – Венето, Италија

Платформата дополнително ја поддржаа и следните организации:

1. Австралиско-Македонски Комитет за Човекови Права;

2. Македонска православна заедница од Австралија (Сиднеј);

3. Македонска заедница од Западна Австралија;

4. Македонска Заедница од Аделаида и Јужна Австралија;

5. Македонска Православна Заедница од Мелбурн и Викторија;

6. Австралиско-Македонска Православна Црква ‘Успение на Пресвета Богородица’, Сиднам;

7. Македонска Православна Заедница од Волонгонг, Австралија;

8. Македонска Православна Заедница од Нјукастел, Австралија;

9. Македонска православна заедница од Бризбен (Австралија);

10. Македонска православна заедница од Џилонг (Викторија);

11. МКУД Илинден, Рокдејл, Австралија;

12. Фудбалски Клуб ‘Бенкстаон Сити Лајонс’, Австралија;

13. Форум Македонска Вистина.

https://republika.mk/959176

 

На прво место

News image

Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев?

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на гра...

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.