Четврток, 13 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ,македонскиот народ и останатите граѓани
alt

Никој во историјата македонскиот народ не го камшикувал, па нема тоа да му го дозволиме ниту на Зоран Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Како помина средбата?

Да средбата помина во еден пријателски убав амбиент. Ги разменивме мислењата околу актуелните политички случувања во државата. Ги кажавме нашите аргументи, ги слушнавме позициите од страна на еврокомесарката Могерини.

Во интерес на тоа што беше внатре кажано би задржал на оваа изјава околу позициите за внатрешните случувања во државата, но и актуелната политичка тема која што е поврзана се разбира со реформскиот процес, но и со референдумското изјаснување кое што би се случило на 30-ти септември.

Ја користам оваа прилика да се обратам лично и персонално на граѓаните на Република Македонија, а истото тоа е поврзано со неколку последни несреќни изјави кои што претседателот на Владата, премиерот господинот Зоран Заев изминатите неколку дена егзибиционистички во свој стил, неконтролирано ни кажува за време на оние соочувања со граѓаните.

Имено, можевме да слушнеме како претседателот на владата повикува на камшикување на сопствениот народ, можевме да слушнеме како претседателот на владата господинот Зоран Заев повикува на мито на сопствениот народ кога ги повикува бизнисмените да го одврзат кесето и да дадат 13-та плата, како имал средба со одреден бизнисмен во владата. Би сакал да ја искористам оваа прилика и да се обратам до граѓаните на Република Македонија, до моите пријатели, роднините, до моите соседи, до моите колеги и до моите сопартијци и сакам да ги замолам сите граѓани во Република Македонија да не подлегнуваат на сите овие обиди за понижување и омаловажување бидејќи никој во историјата македонскиот народ не го камшикувал, па нема тоа да му го дозволиме ниту на Зоран Заев, ниту на било кој кој што ќе се обиде да направи такво нешто.

Никој во историјата не успеал да го понижи сопствениот народ, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија како што тоа го прави Зоран Заев изминатите денови. Затоа би сакал сите вас, граѓаните на Република Македонија, Македонците, но и останатите да ве замолам да го задржите вашето достоинство, да не потпаднете на провокации од страна на претседателот на владата вие сте горди, вие сте достоинствени што живеете во оваа држава тука е ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил столбот на државата во Република Македонија, така ќе биде и овој пат. Послушајте го вашето срце и разум како да постапите во својот живот, така и постапете на 30 септември. Ниту едно омаловажување, ниту едно понижување, ниту еден обид за камшикување на Зоран Заев и рамадилата околу него нема да им помине.

Прашање новинар: Дали по средбата со Могерини останувате на ставот дека секој граѓанин треба да одлучи сопствено мислење за референдумот?

ВМРО-ДПМНЕ ставот не го гради врз основа на чувства, ВМРО-ДПМНЕ ставот го гради врз основа на онаа навигација која што ја доби од граѓаните и врз основа на сите оние информации кои што ги добиваме од средбите со нашите пријатели од меѓународната заедница, но и оние средби со граѓаните. Нашиот став е изграден потврден од телата на партијата од, Извршниот комитет, едногласно од Централниот комитет, така што ВМРО-ДПМНЕ, го кажа својот став и јас сега не би го повторувал и нема промени во истиот.

Прашање новинар: Како ќе постапите Вие на 30 септември?

Ќе мора да почекате на 30-ти, еден ден после мојот роденден, да видите.

ВМРО-ДПМНЕ

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.