Петок, 14 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонија наместо да го отфрли Преспанскиот договор-спогодба, се „фати на јадицата"

39814310 10210442538454353 2226792280704942080 nМакедонија наместо да го отфрли Преспанскиот договор-спогодба, се „фати на јадицата" и покажа дека власта нема стручни луѓе кои ја разбираат меѓународната политика и право.

Спогодба договорени со Грција претставува уште една демонстрација на безграничната наивност на оваа Влада во врска со проблемот за името! Наместо во светот и во ОН македонската Влада да го застапува и објаснува ставот дека срамната референца „бивша југословенска Република Македонија" е нелегална (институција), таа ги фаворизира срамните и правно неиздржани преговори и конечно потпиша  Спогодбата за името, која всушнсто претставува срамната спогодба со другата држава за ИДЕНТИТЕТОТ!

Наместо Владата и МНР јасно да искаже резолутен став дека “разликата околу уставното име” не може да постои меѓу кои било две или повеќе држави, тие го склучуваат договорот со пазарње околу националнито идентитет и промена на истиот, повикувајћи се на “резолуциите на Советот за Безбедност” (СБ на ООН).

Од политичка гледна точка Македонија е држава која треба универзално да бара ПРИЗНАВАЊЕ под уставното име од сите држави и од меѓународните организации! А не да прифаћа дека имаме СПОР или “разлика”, па прифакаќи услови од Грција да менува својот национален идентитет!

Грција која отсекогаш, а посебно од 1993. со сите свои капацитети работи Македонија да не биде признаена во светот, и евентуално таквото признание да се оневозможи, сега се претставува од СДСМ Влада како пријател на Македонија, а тн. договорот како „ нужност”!. Грција не ја признава Македонија како полноправен меѓународно-правен субјект (со сите елементи на правниот субјективитет и државноста), не го признава македонскиот јазик, култура, ниту пак македонскиот народ и нацијата.

За потесетување, преку ООН Грција 1993. г. издејствува една нелегална ситуција со која имаме преседан со НЕЛЕГАЛНАТА РЕФЕРЕНЦА и нелегланите разговори за идентитетот односно попрециѕно кажано ПРЕГОВОРИ за ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ и за Националниот Идентитет. Ова не беше сфатено од Македонските лидери кои сметале дека ние само разговараме за името!!

Токму оваа нелегална ситуација имаше предмет на преговорите за елент од строго-внатрешната јурисдикција, за кој сите досегашни влади сметале дека се само „Разговори”!! Да потсетиме, по дефинија, обврската за разговори=ПРЕГОВОРИ.

И сега наместо да ја објасни нелегалната ситуција во ОН во која имаме со НЕЛЕГАЛНАТА РЕФЕРЕНЦА, СДСМ изрази став дека Македонија “НЕМАШЕ ДРУГО РЕШЕНИЕ”, освем “компрмис”!!

Ова е голем автогол на една Влада во смисла на елементарното непознавање на међународното право!

Од овде заклучуваме дека луѓе од Владата не разбираат некои елементарни работи. А тоа е дека референцата „бивша југословенска Република Македонија" е НЕЛЕГАЛНА! (Ова е ДЕНОМИНАЦИЈАТА и јас го докажав тоа во неколку влијателни списанија, а ваков став е прифатен и во меѓународната научна периодика).

Во овој контекст, договорот", со кои всушност преку промена на државното име менуваме идентитет, а ова се прави посред рез. на СБ817 . на ОН 817 , за Владата е ЛЕГИТИМНО и нужно!

Па така, наместо ние да укажавме дека „спорот" или „разликата" околу едно суверено и инхерентонот право какво што е уставното име не може да постои, бидејќи изборот на уставното име е под строга внатрешна јурисдикација на која било држава, претставниците на власта го афирмираа ставот дека со Грција имаме „разлика" околу сопственото уставно име! Потоа направија и беспредметен договор без преседан во модерната правна историја. Овој акт е НЕЛЕГАЛЕН! Ова е срамота.

Понатаму, поагајѓи од фактот дека референцата е нелегална, требаше да се укаже на Грција, како и на другите фактори пошироко, но пред се во ООН дека ситуацијата во ОН со обврската за разговорите е нелегална, односно дека преговорите околу уставното име на една суверена држава се НЕЛЕГАЛНИ и НЕВОЗМОЖНИ! Спор или „разлика“ за ваквите инхерентни права не може да постои, бидејќи ОН се организација во која членуваат суверени држави-членки.

И понатаму ваквите суверени држави-членки се според Повелбата на ООН правно ЕДНАКВИ. (Покрај тоа, и надвор од ОН ваков спор околу туѓо уставно име е правно апсолутно невозможен, што произлегува од суверенитетот кој важи за државите и надовор од ООН).

Со други зборови, Владата на Македонија прифакајќи ја, на еден нестручен начин политичката аргуменатија, па дури и терминлогијата на Грција, како на пример формулацијата „разликата" и сл. направи на крај исклучително голема штета по државните интереси, суверенитетот и националната безбедност.

Кога во 1993 година во ОН македонската политичка елита без елементарно познавање на меѓународните односи го дозволи преседанот со нелегалната рефернца, а всушност ДЕНОМИНАЦИЈАТА, немаше познавањето на дополнителните услови кои не се дозволени за поставување или за гласање во ООН.

Потоа, во 1995. година беше од СДСМ власта склучена и Времената Спогодба, со што повторно е демострирано елементарното неразбирање на међународното право. Исто така, власта во Македонија дозволи и промена на знамето.

Денес како подарок ја прифативме и новата стапица на Грција без сестрана анализа на последиците од ваков бесмислен и беспредметен договор.

За крај треба и да прокоментирам и односот на СДСМ кон мојата идеја за воспотавувањето на уставното име во ООН.

СДСМ води еден вид контра-кампања против идеја за воспотавувањето на уставното име во ООН, во која се обидува да докаже дека идејата на Игор Јанев “не функционира” бидејќи, според нив, имаме две резолуции на СБ на ООН, имено рез. СБ 817 и рез. СБ 845, со која  демек сме “блокирани во ОН”, и затоа “мораме да постигнеме неизбежен компромис”. За СДСМ, Спогодбата за името и идентитет “мора да има”! Според СДСМ ова е „нужно зло”! “Нема друг излез”!

Ова теза на СДСМ не заслужува одговор и дискусија, посебно не по скорешниот случај со Ерусалим во ООН кога и по ВЕТОТО на САД во Советот на безбедност беше донесена резолуцијата на Генералното собрание на ООН, која беше спротивна на рез. на СБ. Но и пред овој случај, постојат и друго преседани, како рез. Обединети за мир” 1950, а и пред оваа ситуацијата од 1948. со предтходната блокада во СБ на ОН 1947 (случајот Португал и др. со дополнителните услови), кога покрај опструкции во СБ на ООН
Генералното собрание на ООН побара Советодабното мислење од судот во Хаг, па потоа спорните држави биле примени во членството на ООН.

Втората “доктринарна” теза на СДСМ е дека проблемот е “политички” и дека рез. 817. е “претпазливо формулирана” од експертите на ООН!??.

По Советодавното мислење на Судот во Хаг од 1948, ваквите глупости не заслужуваат одговор.

За жал со флоскули и манипулации од овој вид, со цел да се исакже лага дека ништо “друго” не можеме да направиме, се актвно манипулира и овие ставови СДСМ ги издигна на нивото на партијската доктрина.

Проф.Др.Игор Јанев

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.