Петок, 14 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Ахмети и ДУИ биле против промена на името за влез во ЕУ и НАТО
alt

Продолжение на ексклузивните информации од Викиликс: Ахмети и ДУИ биле против промена на името за влез во ЕУ и НАТО

Во 2008 Ахмети и ДУИ биле против промена на името како услов за влез во НАТО – ова е суштината на второто продолжение на објавување на информации, објави Алфа: доверливи извештаи и депеши што тогашната американска амбасадорка, Џилијан Миловановиќ, ги испраќала до ЦИА и Стејт Департменто, опишувајќи ги состаноците со Димитров- тогаш национален координатор во преговорите за името. „Нема промена на името заради НАТО, опозицијата па дури и ДУИ се жестоко против ова“, и рекол Димитров на Миловановиќ, во јануари 2008-та година, на еден од низата состаноци во пресрет на НАТО самитот во Букурешт – кога Македонија доби вето од Грција.

Димитров и го кажал ова брзо по меѓуминистерскиот состанок на македонскиот НАТО –комитет- во кој учествувала и опозицијата- што се одржал на 10 јануари истата година. Истиот Димитров, и истиот коалиционен партнер на Заев – Ахмети, кои сега од позиција на власт убедуваат дека промената на името е уникатниот клуч за вратата на НАТО.

„Димитров рече дека претставниците на опозициската партија, вклучително и оние на партијата на етничките Албанци-ДУИ, биле многу пожестоки отколку владините претставници во одбивањето на било каква промена на името заради понудата од НАТО. Тој додаде дека Владата на Македонија се противи на било каков обид да се наметне краен рок за решавање на проблемот со името пред НАТО-самитот“, пишува во доверливите извештаи на Миловановиќ.
Амбасодорката му нагласила на Димитров да се разгледа опцијата за носење на решение во корелација со посредникот Нимиц и Грците пред Самитот- за кое ќе има значителна согласност од сите, ама да не се објавува пред поканата да биде ставена на маса. Но нејзиниот соговорник не се сложил.

„Димитров рече дека тоа е малку веројатно, и дека заканите за вето всушност ја зајакнале внатре-партиската кохезија во Македонија за задржување на уставното име непроменето“, стои во писмата.

Димитров, и нагласил дека ако Атина стави ултимативно вето за Македонија, Скопје ќе ја разгледува варијантата за поништување на Времената спогодба од 1995 година, и проблемот ќе го процесуира до Безбедносниот Совет на ОН.

„Грчките предлози за промена на името во „Нова Македонија“, „Горна Македонија“ и „Славо-Македонија“, не се стартни преговарачки позиции, рече Димитров, заради грчкото инсистирање на билатерална но и на мултилатерална употреба.“ известува Миловановиќ во писмата до Стејт Департментот, ЦИА и другите американски агенции.

Опишувајќи го како „видно емотивен“, Миловановиќ вели оти Димитров и рекол дека влезот на земјава во НАТО после присилба да прави компромиси за името, е контрадикторно со принципите на Алијансата како организација на демократски држави. Тогаш, ова за него било спротивно на НАТО вредностите и испраќало негативен сигнал до аспирантите. Сега, е врвна солуција – пред која луѓето треба да се убедат оти вреди да се поклонат.

Инаку вчера Алфа објави дека Димитров и тогашниот претседател Црвенковски, биле против одржување на референдум.

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.