Недела, 16 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
СЕМАКЕДОНСКИ ДОНАТОРСКИ КОКТЕЛ ВО ТОРОНТО

aaaaСЕМАКЕДОНСКИ ДОНАТОРСКИ КОКТЕЛ ВО ТОРОНТО

МАКЕДОНЦИТЕ ДАРУВАА НАД 145 ИЛЈАДИ КАНАДСКИ ДОЛАРИ ЗА ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30 СЕПТЕМВРИ

Загрижени за состојбите во татковината Македонија, на две недели пред најавениот референдум, а со цел и единствена порака до Македонците во целиот свет за бојкот на истиот, македонските здружени патриотски организации од Торонто одржаа семакедонски донаторски коктел.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето.

aЦелиот настан беше помогнат од македонски бизнисмени, покровители на вечерта кои и овојпат ја искажаа својата несебична љубов кон татковината.

Прв пред пристните се обрати Боне (Боби) Темелков Претседател на Светскиот Макеоднски Конгрес од Канада кој при тоа рече: Светскиот Македонски конгрес и македонската заедница во Канада цврсто веруваат дека треба да застанеме на браникот на татковината, тоа е наша патриотска должност и правиме се’ што е во наша моќ овој незаконски референдум да биде бојкотиран од мнозинството Македонци во Македонија и низ целиот свет.

Г-ин Темелков се осврна и на донаторсктаа вечер од трети март годинава кога беа собрани над 120 илјади долари, средства кои беа наменети за помош на над 30 македонски семејства, македонски деца чии таковци и мајки лежат во затворите прогонувани од Македонци. Средствата во најголем процент беа директно пратени до фамилиите на уставобранителите, како и за логистичка поддршка на протестите во Македонија одржани во минатиот перод, истакна г-ин Боби Темелков, додавајќи дека и прославата за денот на независноста во Македонија одржана во Скопје пред македонското собрание беше целосно покриена со средствата од македонската заедница во Канада.

Во салата на македонската православна црква Св. Климент Охридски во Торонто пред насобраниот народ се обрати и претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада г-ин Мендо Бакаловски кој меѓу другото рече: Денес македонскиот народ е оставен без водство, од една страна тие што се нарекуваат влада се отворени предавници на се’што е македонско. Предавници на илинденска Македонија, на асномска Македонија, на Егејска Македонија, на Пиринска Македонија, на Мала Преспа и воопшто на цела Македонија.

Македонскиот народ ќе истрае во оваа борба и референдумот ќе биде масовно бојкотиран. Денес доаѓаат душмани од цел свет и го убедувааат македонскиот народ да гласа за референдумот. Но нашиот народ ја знае својата чесност и нема да дозволи да ја изгуби државата на мирен начин. Ние Обединетите Македонци стоиме цврсто зад претседателот Иванов, рече во својот говор г-ин Мендо Бакаловски и додаде дека референдумот е нелегален, нечовечки, но се надеваме дека народот ќе истрае и нема никогаш да дозволи Македонија да го смени своето уставно име Република Македонија.

На донаторксиот коктел се обрати и протаставрофор Илија Донев свештеник во македонската православна црква Св. Климент Охридски од Торонто.Тој меѓу другото истакна:

-Со договорот што го направи оваа Влада со Бугарија ние им подаривме цел еден милениум од нашата историја, а со договорот со Грција им подаривме многу, цел еден народ да се откаже од својата историја и минато и доколку овој референдум помине, тогаш ние самите Македонци ќе се откажеме од себеси.

Овој референдум ние како свесни Македонци треба да го бојкотираме, да си дадеме себеси шанса да опстоиме понатаму во историјата како народ, како Македонци, нашата црква како македонска, бидејќи ако нема македонски народ нема ниту потреба да постои македонска црква.

Народот наш македонски ја формира таа црква за да си ги негува своите национални чувства, својата култура, јазикот македонски, ако ја изгубиме и нашата македонска црква –тогаш се’ сме изгубиле, рече во своето обраќање до Македонците во Торонто отецот Илија Донев.

Најголемиот македонски дарител од Канада и секретар на СМК Канада познатиот бизнисмен г-ин Крсте Ивановски во својот емотивен говор до Македонците во Торонто истакна:

- Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ, рече господин Ивановски и додаде: Ја слушаме сегашната Влада како се обидува да го убеди македонскиот народ дека мед и млеко ќе течело само да помине овој договор.

Европската унија да одлучи да се прошири за десет години Мaкедонија пак нема да биде дел од неа.

Зборот Македонија се форсира во кампањата а после тие истите ќе те казнат за негова употреба.

Господин Крсте Ивановски потоа јавно се запраша: На кого да му верува овој македонски народ, на премиерот што беше осуден на затворска казна па амнестиран од претседателот што е дел од неговата партија, или на премиерот што се гледа на снимка како бара мито? Или на премиерот што пред изборите не се сретна со ниту една македонска организација во дијаспората? На тој што рече дека доколку изгуби на изборите ќе си даде оставка? На тој што рече дека Св. Кирил и Методиј се дел од заедничката историја се Бугарија? На тој што на секое надворешно интервју му е срам да го спомне зборот Македонија? На тој што секо збор му е лага? Или на тој што се колнеше во своите деца дека нема да го смени името, нему ли да му верува македонскиот народ, тој ли ќе ја носи Македонија напред?

Како Македонци сите сме за бојкот. Дел од нашата одговорност овие денови е да им се јавуваме на нашите роднини и да им кажуваме за штетноста од договорот со Грција.

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари -рече г-ин Ивановски. Кој беше поздравен со овации и аплаузи за поддршка од страна на присутните на семакеоднскиот донаторски коктел.

Со најостри критики и повици за бојкот за на референдумот на 30 септември се обрати и претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права со седиште во Канада г-ин Бил Николов.

Тој ги повика Македонците да бојкотираат и да не се појавуваат на 30-ти септември на референдумот, зашто секое појавување ќе може да биде изманипулирано од власта, бојкот со цел да се одбранеме и останеме тоа што сме, Македонци.

Македонската заедница во Канада за поддршка на кампањата на македонските патриотски здруженија во Македонија за бојкот на најавениот референдум собра над 145 000 канадски долари.

aa

aaa

Соња Лозановска -уредник на Македонски Весник во Торонто Канада

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.