Четврток, 11 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
ДОЛЕ РЕЖИМОТ – ДА ЖИВЕЕ РЕЖИМОТ

alt

ДОЛЕ РЕЖИМОТ – ДА ЖИВЕЕ РЕЖИМОТ
Денес (10.10.2018 година) добив две покани од Министерството за внатрешни работи (Сектор за прекршоци) во кои ме повикуваат да дојдам во Комисијата за прекршоци во својство на сторител, а врз основа на барања за поведување на прекршочна постапка поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи до Министерството за внатрешни работи (повторувањето не е грешка туку факт) заради сторен прекршок: оштетување на јавана зграда.

Барањата за поведување на прекршочна постапка од Министерството за внатрешни работи се доставени до Министерството за внатрешни работи на 6.07.2016 година и на 11.07.2016 година (од претходниот режим), а се процесирани на крајот од 2018 година (од сегашниот режим).

Многу интересна ситуација ова со поканиве.

Прво, Шарената револуција беше граѓанско движење против еден диктаторски режим кое успеа на најбезболен и најбезбеден начин (со фрлање на боја врз објектите на државната власт) и без никакви жртви да го сруши режимот. Повикувањето на одговорност за фрлањето боја врз објекти на државната администрација е еднакво на повикување на одговорност за рушење на диктаторскиот режим. Значи, јас треба да бидам казнета затоа што сум го срушила диктаторскиот режим.

Со други зборови, полицијата на политичката гарнитура која беше донесена на власт како резултат на ова граѓанско движење ги гони претставниците на граѓанското движење заради тоа што ја донеле на власт.

Второ, не се повикуваат на одговорност сите учесници на Шарената револуција туку само оние кои не влегоа во власта.

zaev boja-610x400Со други зборови, како реузлтат на фрлањето боја Заев стана премиер и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

zaev-sekerinska-pravda-bojaКако резултат на фрлањето боја Шеќеринска стана министер за одбрана и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да ја гони.

altКако резултат на фрлањето боја Шилегов стана градоначалник и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

altКако резултат на фрлањето боја Павле Богоев стана пратеник и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Јас останав граѓански активист и заради тоа мене прекршочно ме гонат.

Со тоа е прекршен Уставот на Република Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација и на крај и членот 8 (Начело на еднаквост, непристрасност и објективност) од Законот за општата управна постапка.

Трето, самата покана се повикува на член 67 од Законот за општа управна постапка од 2005 година и покрај тоа што тој закон престанал да важи 2015 година (член 140 од Законот за општа управна постапка) со што е прекршен членот 5 од Законот за општа управна постапка (начелото на законитост).

Четврто, барањето за поведување прекршочна постапка не ги содржи елементите предвидени во членот 90 (Содржина на барањето) од Законот за прекршоци.

Петто, во поканата сум означена како сторител, не осомничен, со што е нарушена презумцијата на невиност и органот кој ја испратил поканата веќе донел одлука за случај во кој јас не сум ни обвинета, судена ни осудена.

Шесто, во двете барања како службеник кој го констатирал прекршокот се наведува исто лице Николоски Гоце од ПС ОН “Центар“-СВР Скопје и покрај тоа што станува збор за два различни настани, кои се случиле во различно време и на различно место.

Заради сето погоре наведено јас Најчевска Мирјана,

Прво, ќе поднесам пријава за дискриминација до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Второ, ќе поднесам кривична пријава против началникот на одделението за прекршоци на СВР Скопје Мехди Мустафа (потписник на барањето), заради злоупотреба на службената должност.

Трето, ќе поднесам кривична пријава против службеното лице Петрушевски потписник на поканата заради нарушување на пресумпцијата на невиност и злоупотреба на службената должност.

Четврто, ќе поднесам кривична пријава против униформираниот полициски службеник Николоски Гоце заради сомнение за давање лажен исказ и мамење во вршење на служба.

Петто, ќе поднесам тужба за дискриминација против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по командна одговорност.

И на крај, драги мои актуелни властодржци, со ова покажувате дека вие не го срушивте диктаторскиот режим, туку само станавте нови корисници на истиот.

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.