Сабота, 20 Октомври 2018    Печати
Мнозинство потребно за донесување на закони

janevДр.проф. Игор Јанев

Мнозинство потребно за донесување на закони

Во зависност од видот на законите, тие можат да се донесат со:

  • просто мнозинство - за законите кои се донесуваат со просто мнозинство потребно е позитивно да се изјаснат мнозинството од присутните пратеници во Собранието, но најмалку една третина од вкупниот број на пратеници, односно најмалку 41.
  • апсолутно мнозинство - за да се донесе закон за кој е потребно апсолутно мнозинство, потребна е поддршка од страна на мнозинството од вкупниот број на пратеници во Собранието, односно најмалку 61 пратеници.
  • двотретинско или квалификувано значи дека за одреден закон е потребно позитивно да се изјаснат две третини од вкупниот број пратеници во Собранието. Ова значи дека законот е донесен кога за неговото донесување гласале 81 пратеници.
  • Во Уставот на Република Македонија се точно прецизирани законите за кои се бара двотретинско мнозинство. Тоа се: Законот за грб, знаме и химна; Законот за организација на органите на државната управа; Законот за судови; Законот за локална самоуправа; Законот за одбрана и законите за судски постапки.
  • двојно мнозинство е потребно за законите што се однесуваат на правата на заедниците (употреба на јазици, лични документи, употреба на симболи и сл.), Собранието одлучува со мнозинство гласови, при што е потребно да се изјасни и мнозинството од пратениците што припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија, т.н. Бадентерово мнозинство.