Четврток, 01 Ноември 2018    Печати
Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти
ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија

Македонија е единствената држава во Европа која е водена од политичар аболициран за сериозен криминал. Единствена држава во која на власт е криминален картел кој единствено работи за партиските и бизнис интересите на кланот Заеви. Одродената и криминална власт секојдневно ги задолжува граѓаните. Последното задолжување изнесуваше 58 милиони евра, а со ова темпо таканареченото грчко сценарио и банкрот е неизбежно. Граѓаните се донесени на работ должничко ропство, а сиромаштијата зема замав. Над 460 илјади македонски граѓаните преживуваат со еден оброк дневно и секојдневно гладуваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Нема нови проекти, не се отвораат нови работни места, младинската невработеност изнесува повеќе од 50 проценти. Со оглед на фактот што реализацијата на капиталните инвестиции изнесува очајни 27,4 проценти, нема изградба на 600 километри автопат, нема изградба на нови клинички центри и студентски домови, владата не гради нови училишта и спортски сали, останува прашањето за што се трошат парите на граѓаните? Со оглед на криминалното работење на власта и принципот „евро за вицето“ јасно е дека парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиски и државни функционери. Преку криминални грантови и тендери СДСМ на чело со Зоран Заев спроведува досега невиден грабеж споредлив само со времето на криминалната транзиција.“

-Владеењето на Заев се повеќе потсетува на мрачните 90-ти, сивилото повторно надвисна над Македонија, граѓаните се во апатија и на работ на својата егзистенција. Нема повисоки пензии, јавноста е сведок на се повеќе компании кои заминуваат во стечај, безнадежноста дека ќе има правда и правдина е се поголема. Темните облаци кои надвиснаа над Македонија ќе си заминат. крајот на политичката кариера на Заев е на повидок. Заев избра да не ја почитува волјата на народот јасно искажана на референдумот за  промена на името, но казната ќе ја добие на следните парламентарни избори на кои граѓаните уште погласно ќе му кажат на Заев доста е, заврши времето на транзиционите политичари, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ