Четврток, 08 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Граѓаните се против бришење на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја
alt

Граѓаните јасно дадоа до знаењеа дека не се согласуваат со бришење на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја

Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев нема мандат да го менува Уставот на Македонија. Граѓаните на 30-ти септември јасно и дадоа до знаење на власта дека не се согласуваат со менување на Уставот и уставното име на државата. Не се согласуваат со бришењето на АСНОМ и менувањето на македонскиот идентитет, јазик и историја. Над 1.2 милиони гласачи јасно кажаа дека не се согласуваат со капитулацијата која ја потпиша владата на Заев во Преспа.

Заев и СДСМ никаде во својата програма не ветија дека ќе го менуваат уставното име на државата. На гласачите не им најавија дека доколку гласаат за СДСМ, гласаат историјата да им ја пишува некоја од соседните држави, или пак дека гласаат за променет идентитет и јазик како и откажување од Македонците во соседството и се што е македонско. Однесувањето на одродената и криминална власт претставува груба манипулација со волјата на граѓаните.

Единствена причина зошто СДСМ ја погази демократијата и волјата на граѓаните, зошто ги распродава државните и национални интереси е спас на политичката кариера на Зоран Заев. Зоран Заев е подготвен по секоја цена да продолжи со своето криминално владеење, да продолжи со раздавањето на тендери и грантови на високи државни и партиски функционери. По секоја цена без разлика дали е тоа името на државата, идентитетот или јазикот, Заев сака да продолжи да возат камионите на Вицето, да растат стеблата марихуана, да продолжи да се богати кланот Заеви на грбот на народот.

Стравот кај Заев и криминалниот картел на власт е огромен. Тие знаат дека доколку ја загубат власта ќе треба да одговараат за сите криминали, знаат дека никој нема повторно да го аболицира или амнестира кланот за неговите криминали. Правдата ќе ги стигне и сите оние кои наместо да го казнуваат го амнестираат криминалот на власта. Игнорирањето на волјата на граѓаните скапо ќе го чини СДСМ и Заев, на наредните избори волјата на граѓаните ќе биде уште посилно изразена, а Заев ќе заврши во политичка пензија и ќе одговара за сите свои злодела.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.