Среда, 19 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ
alt

Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна економија, црно здравство, црно образование, зацрнето земјоделие, црна и оцрнета држава.

Два месеци веќе Скопје е најзагаден град во Европа и меѓу десетте најзагадени во светот, граѓаните со месеци не смеат да излезат од своите домови, а болниците ширум државата секојдневно се полни со десеттици се граѓани со срцеви и белодро ни проблеми. Ветија решавање, а две години не понудија ниту едно решение.

Економијата за која ветуваа минимум 5% годишен раст две години е на нула, платите се ниски, а трошоците за живот секојдневно се зголемуваат. Со секој нов ден со оваа однародена власт граѓаните се се посиромашни.

Ветуваа бесплатно болничко лекување за сите, 100.000 денари плата за лекарите, подобро здравство, две години откако ветија, ништо не остварија. Наместо проекти и мерки им ја покачија цената на паркинг просторот на лекарите во клинички.

Образованието кое СДСМ се фалеше дека ќе го реформира брутално мипулирајќи илјадници млади е најголемата жртва на оваа власт. Две години откако ветуваа студентски град, ниту еден студентски дом не е поправен, а за градба не станува ни збор. Нема инвестиции ниту во основното, ниту во средното, ниту во високото образование. Младите се изневерени, наместо да ги вратат тие за кои тврдеа дека се иселени, го забрзаа трендот на иселување и сега гледаме цели градови како се празнат и остануваат без млади.

Зацрнето е и селото. Земјоделието е запустено. Оваа година немаше откуп и пласман за најголем дел од земјоделските производи, на нивите скапуваа бостанот, пиперките, доматите, зелката, пченицата, сливите и јаболката. Земјоделците во очај го фрлаа родот на буништата и ги сечеа дрвата. Трагедија и ужас.

Овој хаос мора да запре. Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.