Вторник, 25 Декември 2018    Печати
Никаде во светот не може опозицијата да е крива за глупостите на кои што ги прави власта
alt
Николоски: Мастер планот на СДСМ за уништување на ВМРО-ДПМНЕ нема да им успее

ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија каде сака да оди. Има спремна програма, кадровски секако ќе се надоградува. Ова не е последното и најдоброто што јавноста го има видено од ВМРО-ДПМНЕ. Така што мислам дека иднината на партијата е светла без разлика на веќе активираниот мастер план на СДСМ кој што јас го најавив пред референдумот, а тоа е мастер план за уништување на ВМРО-ДПМНЕ, појасни Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување на емисијата „Отворено Алфа“.

Николоски образложи дека пред референдумот само постеше мастер планот, сега по референдумот кога се случи фијаското, истиот план е веќе активиран.

-Но, нема да им успее. Во текот на 2018-та година власта водеше три скапо платени кампањи. Првата кампања беше кампања која што ја прави секоја партија да ги убеди своите членови подржувачи дека што прават е добро. Втора кампања кон неопределените беше со главен наратив ова што го правиме можеби не е најдобро но подобро нема. И третата најскапо платена кампања и најдобро организирана кампања беше насочена кон ВМРО-ДПМНЕ каде што се сакаше да се направи една замена на тези. Каде што главно преку социјалните мрежи, лажни профили, ботови но и луѓе кои што биле влијателни во десницата, а кои што сега ради одредени интереси решиле да и служат на власта се пуштаат тези кои што ако треба да ги поедноставиме се сведуваат на тоа власта ја уништува државата ама опозицијата е крива затоа, објасни Николоски.

Појасни дека тоа е една шизофрена ситуација, затоа што никаде во светот не може опозицијата да е крива за глупостите на кои што ги прави власта.