Вторник, 25 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ како партија била и ќе биде против договорот од Преспа
alt
Јанушев: За целосна амнестија не е разговарано!

Прислушувањето на судиите и обвинителите и сите нерачистени убиства, се што се случува на полето на криминалот, убиството на Саздо, на неделно ниво во државава се случува палење на автомобили, престрелки и убиства, сето тоа оди на контото на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече Игор Јанушев генерален секретар гостувајќи на телевизија 1ТВ.

Тој образложи и зошто ќе се расправа за интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија била и ќе биде против договорот од Преспа.

-Ќе бидеме против договорот, прво од легален аспект не смееше да биде потпишан од лице кое не смее да потпишува вакви договори, второ, неговата суштина, што значи тоа за македонскиот народ, посочи Јанушев.

Во контекст на кандидатот што ќе го има ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, генералниот секретар рече дека е рано да се зборува.

-Потаен кандидат немаме. На 11 јануари ќе го објавиме јавниот повик на кој ќе можат да се пријават сите оние кои ги исполнуваат условите за кандидат за претседател, потоа ќе има презентација пред делегатите на конвенцијата и потоа на конвенција ќе се одлучи кој ќе биде кандидат за изборите, објасни Јанушев. Тој истакна е дека рано да се зборува и претпоставува за програмата на претседатлскиот кандидат.

На прашањето можен ли е претседателски дуел меѓу Заев и Мицкоски, Јанушев вели „во политиката се е можно“, посочувајќи дека за тоа дали претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се кандидира вели „треба него да го прашате“.

Говорејќи за информациите за тоа кој контактира со претходниот претседател на партијата Никола Груевски, Јанушев посочува дека партијата сега има ново раководство.

-Груевски не е ниту е претседател, ниту премиер. Се уште се држи темата за него, а партијата има ново раководство кое води поразлична политика затоа сме убедени дека ќе извојуваме победа на следните избори. А за тоа ако некој комуницира со Груевски тоа не треба да се стави како етикета на ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, категоричен е Јанушев.

На прашањето дали имало разговор Мицкоски-Заев за целосна амнестија, Јанушев вели „од Заев очекувам се, кога некој ќе му притреба на Заев тој го користи во своја полза, но за целосна амнестија не е разговарано“.

 

На прво место

News image

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.