Вторник, 25 Декември 2018    Печати
Заев ќе го тапкаат по рамо се додека не заврши овој процес на уставни измени
1 1Николоски: Заев ќе добие жестока критика од меѓународната заедница затоа што нема исполнето ништо што ветуваше

Заев ќе го тапкаат по рамо се додека не заврши овој процес на уставни измени и додека не заврши тој процес нема да добие никаква критика. Но, после тоа му следува една жестока затоа што целата меѓународна заедница сфаќа дека е излажана, односно она што им било ветувано од тука од Владата е дека ќе се водат неколку процеси паралелно, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Николоски додаде дека владата на СДСМ пред меѓународната заедница ветувала суштински реформи во државата како и продолжување на добрите економски политики на претходната влада, нагласувајќи дека СДСМ и Зоран Заев ја излажале меѓународната заедница.

Меѓународната заедница пополека сфаќа дека договорот за промена на името не само што сега не поминува кај етничките Македонци, туку дека никогаш нема да помине, односно тоа е договор кој што никогаш нема да заживее и никогаш никој нема да го прифати како таков. Понатаму нема реформи никакви а економијата оди само надолу, истакна тој.

Потпретседателот Николоски додаде дека целта на меѓународната заедница е Македонија не само да се стабилизира туку да е една просперитетна и успешна држава која ќе биде дел од европското семејство, потенцирајќи дека меѓународната заедница нема да дозволи држава без реформи и лоша економска политика.