Среда, 26 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев како капитални инвестиции претсавува канализациони мрежи
alt

Заев потврди дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата, црнилата мора да станат минато

Зоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со владата на Република Македонија.

На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции кои се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо.

Канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невиде и размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претсавува канализациони мрежи.

Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи.

Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р. Бугарија.

Закукулено замумулено Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето на роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15.000 огласи во јавната администрација. Каде и кој се е вработен во јавнат администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена.

Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните.

Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.