Сабота, 29 Декември 2018    Печати
Гласот на Македонскиот студент!
alt

Кире Ташев, дипломиран инжињер архитект

Гласот на Македонскиот студент!

Овој период е период на одмор кој го одредува факултетот на кој ги запишав магистерските студии. Моментално паузирам од обврските кои ги имам и размислувам што ке биде со мене по моето магистрирање кое би требало да се случи некаде втората половина на 2019 година. Размислувам со кои проблеми ќе се соочам јас со кои проблеми се соочуваат моите врсници и колеги или дел од останатите граѓани кои дипломирале или магистрирале.

Се прашувам што би правел јас во држава која во последните година и половина и нешто повеке постојано тоне. Економски е нестабилна. Нема вработувања за младите, не им се пружи шанса за нивно докажување во општеството. Не се отвараат нови странски инвестиции а со тоа и нови работни позици за младите. Во моментот сме во ситуација каде младите се тотално изманипулирани. Ниту едно ветување кое беше упатено кон нив не е исполнето. Чист пример за ова ни се младите доктори кои покрај ветувањата од владата за нивно вработување, добивање на паричен износ за нивниот труд за време на специализацијата, подобри услови при работа, платени трошоци и сл. не се исполнети. Тие доживеаа огромно разочарување.

Студентите во Македонија не се прашуваат за ништо. Тие се сосема изолирани никој не се интересира за нив. Нема никакви подобрувања на факултетските програми за образование,нема подобрување и снабдување со нова опрeма на факултетите, нема стипендии за сите студенти рамноправно. За да земеш државна стипендија мора да си син или ќерка на државен функционер. Ова предизвикува голем револт помеѓу сите студенти. Студенти со висок просек кои навистина се трудат и прават се за нивното образование кои немаат можности за студирање во странство или запишување на повисок степен на студии се забораваат. Никој од оваа влада не направил ништо за нив. Тие се разочарани.

А пак за студентските домови воопшто да не зборуваме. Нема ништо од ветувањата на валадата кон студентите. Домовите не се ни чепнати во последните година и половина од владеењето на новата влада. Ниту еден министер или член на валдата не се сетил да посети еден студентски дом. Да види каде и во какви услови живеат престојуваат студентите. Навистина бедно е да не обрнувате внимание на движечката сила на една држава на студентите. Токму овие лица се оние кои треба да ја носат државата напред а вие ги заборавивте. Што мислите како ќе постапат овие лица по нивното дипломирање или магистрирање? Што ке биде со нив? Дали воопшто доаѓа момент да се потсетите на нив а со тоа и на иднината на државата?

Секако дека не. А знаете ли зошто? Бидејки сеуште не ви е јасно зошто малдите бегаат и се иселуваат од Република Македонија.

Секој студент има желба да изгради своја кариера. Да работи во држава, во фирма или компанија каде ќе се почитува нивниот труд и ке се почитува трудот кој го вложиле за време на судирањето.

Срамно премногу е срамно господо од власта го уништивте образовниот систем. Срамно е бидејќи го зголемивте иселувањето на дипломирани студенти од државата. Лица кои се надеж на секоја држав за вас не претставуваат ништо. Се повеќе слушам како мои пријатели, студенти зборуваат дека се разочарани од моменталната власт дека нивниот глас никој не го слуша дека нив никој не ги почитува. Револт на сето ова го искажуваат со заминување од државата. Државата во која биле родени, израснале, стекнале пријтели, се школувале и сега истата ја напуштаат со солзи и надеж. Солзи бидејќи ќе се одвојат од најблиските а надеж бидејќи се надеваат дека ќе ја обезбедат својата иднина надвор од матичната држава.

Поради лошата политика која ја водите дозволувате Македонските студенти да развиваат други држави, да придонесуваат за развојот во секоја свера на другите држави. Срамно е да гледаме како Студенти со потекло од Република Македонија добиваат признанија и награди од други светски и европски држави а не од нашата.

Господо од власта свестете се, време е. Време е да ги прашате студентите што им е навистина потребно. Време е и тие да видат светлина после година и половина помината во мрак. Црните завеси кои сте ги поставиле кренете ги пред да биде предоцна, пред да останеме без високо образован кадар. Едно немојте да заборавате дека “Во младите е силата и на младите е иднината”.

Превземено од СВЕСТ.мк