Сабота, 29 Декември 2018    Печати
Зоран Заев креатор на злосторствата од омраза
Зоран Заев креатор на злосторствата од омраза

Зоран Заев креатор на злосторствата од омраза

На творецот на злосторствата од омраза Зоран Заев, сега му е несфатливо како во нашата заедница се протнаа злосторствата од омраза! Се чуди како тоа се случило, без чувство на одговорност и без минимален критички однос спрема погубната политика на насилие и омраза која упорно ја спроведува.

Зоран Заев за две години го подели општеството, жестоко го раскара македонскиот народ, внесе пизма и немир меѓу народот со политика на насилството и омраза што ја води. Сега, како злосторник кој се враќа на местото на злосторството, најавува дека ќе гради некаква национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија. Во Владата ги собра неговите шарени наводно невладини организации и дебело платени советници и се обидува да промовира некаква стратегија, со цел да му ги замачка очите на народот. Ги подцени граѓаните на Македонија и го омаловажи македонскиот народ.

Неговата погубна политика која упорно се спроведува подолго време, ненаесе непоправливи штетни последици на граѓаните и државата. Ќе подсетиме на некои од нив:

Ги постави темелите на говорот на озраза – ”Ќе јадеме живи луѓе”

Да го подсетиме креаторот на озразата на неговите “дела” за протнување на омразата и владеење со насилство и лаги. Тоа што јавно го изјавуваше дека кога ќе додеме на власт “ќе јадеме живи луѓе” темелно го спроведува. Јадење живи луѓе сигурно не е чин на милост, човекољубие, милосрдие, почитување и толеранција. За овие години многу луѓе се жртви на таквата налудничава закана. Што значи ”јадење живи луѓе”, ако тоа не е акт на тешка омраза и насилство. Тој го погази елементарното човеково право на правда и човечност.

“Ќе бркаме од работа од министер до чистачка”

Ова закана Зоран Заев педантно и ревносно ја изврши и натаму ја извршува. Повеќе илјади службеници и работници се избркани од работа или се деградирани на неколку скалила понислки работни места. Сменети се сите членови на управни и надзорни одбори на државно ниво и во единиците на локалната самоуправа и градот Скопје.

До крајни граници се партизира државната и локалната адмиистарија. Се примија само партиски кадри и се преполни јавната администарцијата и јавните прептпријатија. Се трупаат државни служвеници, раководни кадри, “економси” директори со дебели плати и сето тоа е ставено во функција само за задоволување на партиските интереси, а не потребите на граѓаните. Невладините фронтмени и шарените револуционери станаа главна ударна тупаница во државата. Не е битна стручната способност, познавањето на работата и работните квалитети и способности. Битна е само партиснката книшка на СДСМ и ДУИ и на некои помали коалицциони партенери. Со срамен закон донесен за половина час се отвараат нови заменици директори во јавните претрпријатија, да бидат сместени над 200 партиски кадри половина на ДУИ и половина на СДСМ. Се креира паралелна власт.

Елитните јавни претпријатија ЕЛЕМ, МЕПСО и други се резервирани за прием на на ќерките на Џафери, на Бејта, мајката на пратеникот Костадинов, сопругата Неда на примаател на грант од 200 илјади евра од Фондот “криминални” иновации, сопрузи, браќа, сестри, братучледи, внуци … Стипендија од 40 илјади долари и надомест на трошоци во рекордно време доби ќерката министерот Никола Димитров, кој како главен преговарач за името доверливи податоци за преговорите соопштувал на страни неповикани лица. Ни случајно, одличен дипломец и високотручен син или ќерка на некој селанец или работник можат да припарат до овие фирми или да добијат стипендија.

“Ќе ја виткаме кичмата за името”

Зоран Заев најавуваше дека за името ќе ја виткаме кичмата, а тој не само што ја свитка, туку му ја скрши кичмата на македонскиот народ и македонската држава. Го продаде светото име на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ. Кој му даде право тоа да го прави? Ги предаде националните интереси на македонскиот народ и ја разнебити македонската држава. Се донесе тоталнио неуставен закон за употреба на јазиците со кој се воведува двојазичбност на целата територија на Македонија, надвор од сите меѓународни норми за малцинските права. Бесрамно, Македонците кои како национални малцинства живеат во Егејска Македонија во Грција и во Пиринска Македонија во Бугарија ги направи “дијаспора”, како да се тоа бегалци или иселеници од Македонија, како да се политичка или економска мјиграција од земјата. Ги сруши темелите за конституирање на македонската држава и од Преамбулата на Уставот ги избриша Одлуките на АСНОМ, а го вгради Рамковниот договор.

За четири дена спроведе некаква “јавна расправа” по уставните амандмани, која беше јавна бламажа со нарачани и платени говорници. Јавни расправи и за помалку важни уставни амандмани траеле и по 60 дена, а ова наводна јавна расправа за амандмани со кои се руши македонската држава формално траеше само четири дена.

Се врши присилба на пратениците да гласаат за уставните амандмани. За Предлогот за пристапување кон измена на Уставот гласаа и 8 пратеници – предавници, лицемери и себичњаци, да си ја спасат кожичката на сметка на државните и националните интереси. Тие пратеници кои во црно ја завија Македонија, сега изигруваат помирители со главна и единствена цел, да бидат ослободени од кривично гонење, тие лично или нивните блиски. Елизабета Канчевска Милевска, министерка за култура и бесрамна предавничка од градот на гемиџиите, згази на коските на гемиџиите од Велес, кои во цветот на младоста ги положија своите животи за автономна Македонија. Таа Бети, како ја нарекува Зоран Заев, го предаде македонскиот народ, а Заев ќе ја правел обвинител. И треба, за ги испита сите нејзини тендери. Но, тие тендери се толку многу, што самата тоа не ќе може да го стори, па ќе остане нешто и други да испитуваат. Од пишаното неможе да се побегне. Од предавство никој не се спасил, па ни тие што му ја нанесоа најцрната црнила на македонскиот народ. Тие, како и сите предавници ќе ги сносат последиците, кога тогаш. Тоа нема да им го заборави македонскиот народ.

Терор

Во Македоинија долго време владее терор. По секоја цена да ја задржи власта, властољубецот Зоран Заев не само што ги продава, туку ги крчми интересите на македонскиот народ. Тој македонската држава ја стави во заложништво на една малцинска коалициона група од десетина пратеници, која властољубецот Зоран Заев го држи во заложништво и ја има целокупната контрола на власта.

Десетина пратеници од ДУИ ја имаат целокупната контрола на власта. Денес Али Ахмети најави дека од 9-ти јануари наредната година почнува да се пишува најновата историја на Македонија, најновата историја на најновата држава во светот. Таа историја ја пишува токму Али Ахмети, а Зоран Заев му асистира и му го држи мастилото. Со неговите максималистички барања, без никаква контрола на власта од страна на мнозинската партија СДСМ, се руши се што е македонско, и историја, која почнува одново да се пишува, и култура и идентитет, традиција и фолклор, наука и творештво, археолодгија и артефакти, кои ќе се потрупуаат како никогаш да не биле пронајдени и ископании, се ревидираат учебници и карти, се почнува одново, во една нова држава на народ без корен и без минато.

Зошто со децении наназад се бореа и загинаа повеќе сторици илјади жртви за создавање на сопствена самостојна и независна држава Македонија, која сега Зоран Заев и врхушката окулу него ја распродаваат? Вакво предавство во историјата на државите во светот не се памети и кај многу помали народи. Македонскиот народ низ венковите оставил големи и неизбришливи траги во просветата и културата, историјата и традицијата. Ова е единствен пример во светот на самоуништување на еден народ. Бан Ки Мун, поранешен генерален секретар на ООН, советува по никава цена да не се менува името на државата. Но. овие властодршци остануваат и неми и слепи, занесени од власта и од лажното подсмешливо тапкање по рамото, кое бргу ќе престане одкако ќе се постигнат нивните цели, а овие нивни слуги ќе се најдат на буништето на историјата и ќе одговараат пред народот.

Селективен политички прогон

Политичкиот прогон се стави во служба на предавничкакта политика на власта. Се конструираа монструозни обвиненија за сторени тешки дела, кои веќе почнаа да паѓаат, а како извор на “докази” се користат неазконски прислушкуваните разговори. Се спроведува исклучително селективна правда усмерена само спрема поранешни функционери, раководители, градоначалници или членови на ВМРО-ДПМНЕ. Се конструираа стотици случаи за преку 200 лица опфатени со казнено гонење за најтешки кривични дела, а за 33 лица дури и за кривично дело Тероростичко загрозување на уставниот поредок!?.

Нема ниту едно обвинение против функционер, раководител или некаков член на СДСМ и ДУИ. Функционери. раководни лица. градоначалници и други лица од овие партии се амнестирани од одговорност. Тие функционери се заштитени и недопирливи за правдата, па дури и за случајот ТЕЛЕКОМ за подкуп од над 7 милиони евра утврдено од судот во Вашингтон со цел да се спречи друг мобилен оператор и да се задржи монополот. За тој случај долго време се изјавува дека се “истражува”, а тоа никако да заврши и нема да заврши. Се трупаат незаконски притвори и се носат одлуки кои се правдаат со барање на “американците”. Денес американскиот амбасадор Џес Бејли јавно упати писмо до Основниот суд Скопје 1 во кое изрази разочараност од тоа дека некои одлуки се правдаат со наводно мешање на американската амбасада. Срамно за македонското судство. Се виде дека ветерот не дува од Кале, туку од Бихачка,

Законодавниот дом претворен во пазар

Страшно и срамно е што законодавниот дом од пратенците – предавнии и нивни подржувачи од СДСМ и ДУИ се претвори во пазар за остварување на лични цели. Зошто се врши измена на членот 275-в од Кривичниот законик и зошто се намалува предвидена казна од најмалку 5, на најмалку 4 години? Тоа се прави со цел на обвинетите со ублажување на казната согласно член 41 став 1 т.4 од КЗ да може да им се изрече казна затвор во траење до 2 години и таа казна согласно член 50 став 1 да може да се услови, што не е можно според постојното решение од предвидена казна затвор од најмалку 5 години. Ова свињарија се право со цел да се спасат Бети Канчевска, синот на пратеничката Авировиќ и пријателот на пратеникот Рамчиловиќ.

Овие паретеници-предавници, без чувство на човечност и одговорност и без морални квалитети, нека отидат на Зелен пазар, Сточен Пазар или Бит пазар или било кој пазар за да научат од продаачите зад тезгите што е чест, што е морал, што е збор. Да научат од овие чесни луѓе нешто што тие го немаат, накитени со бесрамен безобразлук. Бесрамната лажливка и предавничка Нола Исмаиловска Старова се прави недоветна и сака да прикаже дека со измените се подобрувал Кривичниот законик!.

Каква правда, таква амнестија

Селективната правда и селективната амнестија не решаваат ништо. Омразата е навлезена длабоко како израз на релолт спрема одлуките и владеењето на власта. Станавме земја на омраза, кога со измените и дополнувањата на Кривичниот законик 23 кривични дела се инкриминираат како дела сторени од омраза. Многу се лажат творците на овој режим ако мислат дека на овој начин ќе ја спречат омразата и насилствата.

Зоран Заев и СДСМ и ДУИ неможат повеќе народот да го држат во заложништво и народот да биде под постојана опасност од уцени и закани од над 1 милион незаконски прислушувани разговори сместени во СЈО. Ако навистина сака помирување, на 6-ти јануари сите незаконски стекнаи материјали од незаконски прислушуваните телефонски разговори комисиски и јавно да се запалат во печката во депонијата Дризла.

Да се преиспитаат сите обвиненија и да се запре кривичната постапка за сите дела засновани на незаконски прислушуваните разговори без утврдена прибавена имовинска корист или нанесена реална штета. Сите обвиненија на СЈО и ОЈО што се резултат на реваншизам да бидат преиспитани и повлечени,

Еднаш мора да се стави точка на уцените и притисоците и да му се даде шанса на вледеење на правото, на самоствојно и независно судство и јавно обвинителствово. Се друго е само обична фарса.

Спасете го и народот и државата. Тоа што први се амнестираа пратениците предавници Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов и скандалозно се врши наменска измена на Кривичниот законик да се ослободат Канчевска Милевска, синот на Владанфа Авировиќ и пријателот на Рамчиловиќ, за да гласаат за уставните амандмани, ќе ја продлабочи недовербата и омразата, затоа што овој предавнички чин е многу опасен и многу боли и не се простува.

Доста е, ако имате инсаф, ако имате срам. Доста е, го изедовте народот и му ја одравте кожата. Доста е, го удавивте народот во лаги и измами и му ја уништувате државата. Кој ви дал такво право да го предавате народот и државата со срамно велепредавствство. Народот за тоа не ви даде мандат и не донесе одлука за прифаќање на капитулантскиот договор со Грција на одржаниот референдум за менување на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ.

https://republika.mk/kolumni/zoran-zaev-kreator-na-zlostorstvata-od-omraza/?fbclid=IwAR1xQV1-hHHbncjqoCz5Jr3olyl5XUKDACoaA-rktXwjUtHmHw4HC0wv1Vc