Недела, 30 Декември 2018    Печати
ТУРСКО ГРЧКИОТ СУДИР БИ МОЖЕЛ ДА СПРЕЧИ ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

altТУРСКО ГРЧКИОТ СУДИР БИ МОЖЕЛ ДА СПРЕЧИ ПРОМЕНА НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ

Потпретседателот на партијата Независни Грци (АНЕЛ), Панајотис Сгуридис, вчера поднел оставка по „контроверзното“ интервју во кое изјавил дека „ратификацијата на договорот од страна на грчкиот парламент би можела да биде одложена поради потенцијалниот судрир со соседна Турција“’, пишуваат грчки медиуми.

Лидерот на партијата и министер за одбрана, Панос Каменос, ги опишал коментарите на неговиот сопартиец Сгуридис како „фантастични теории“, инсистирајќи на тоа дека Грција е најсигурната земја во регионот, која ги почитува меѓународните закони и правилата за добрососедски односи.

Каменос , не ја прифатил оставката на Сгуридис која била испратена преку СМС..

Опозицискта Неа демократија ја осуди изјавата на Сгуридис, а министерот за надворешни во сенка, Јоргос Кумуцакос, рече дека е „незамисливо“ да се поврзува судбината на договорот за името со потенцијален судир со Турција.

Каменос, лидер на „Независни Грци“, помал коалиционен партнер во владата на СИРИЗА, постојано изјавува дека ќе се повлече од владата кога Договорот од Преспа ќе стигне за ратификација во грчкиот парламент.

Превземено од МК ВЕСТИ