Недела, 06 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ
alt

Честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Ваше Блаженство,

Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво како и на сите православни верници да им го честитам еден од најголемите христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ.

Овој голем ден нека ви донесе здравје, радост, светлина, љубов, среќа и топлина во вашите домови која ќе ве следи во текот на целата година. Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме, хуманоста, разбирањето и меѓусебното почитување. Исус ги освои срцата на луѓето со својата благост и љубов, ја победи смртта и ни ја врати надежта, неговите дела нека бидат пример за сите.

Божиќ го симболизира раѓањето на надежта, надеж за подобра иднина, подобро утро за идните поколенија. Иднина која ќе ја креираме заедно и заедно ќе ја живееме.

Влегуваме во година на предизвици и одлуки. Тешкото секојдневие на луѓето, црнилата и растечката сиромаштија преовладуваат во секојдневието на граѓаните, и тоа се заедничките тешкотии кои мора да бидат надминати. Да си спомнеме за сите оние граѓани кои овие празници ги дочекуваат со напластени проблеми, со неизвесност која преовладува и живот кој станува потежок. Несигурноста да биде замената со стабилност, да градиме иднина, да се избориме за подобар живот.

Светлоста на еден од најголемите христијански празници нека биде водилка за секој еден на патот на личниот успех и среќа, бидејќи успехот на поединецот е успех за сите. Нека е честит и вековит празникот Рожденство Христово, Божиќ.

Христос се роди,

Навистина се роди!

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија

ММДЧП ги повикува Русија и Кина да поднесат барање до Обединетите Нации за поддршка на Македонија, и...

Иселеници

News image

Забранетиот филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС се прикажува во Австралија

  Во Австралија пристигна режисерот и сценарист Јани...

Култура и туризам

Фељтон

News image

Александар Македонски (66)

Александар Македонски (66)  

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.