Четврток, 17 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Веднаш и без одложување распуштање на Собранието
alt
Мицкоски

Веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република Македонија

Денеска имавме состанок со политичките партии односно со претставниците на политичките партии, лидерите на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Разговаравме околу актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, генерално донесовме заклучоци кои што произлегоа од опсежната и темелна дебата во рамките на состанокот.

Прво би се задржал на оној процес на уставните измени кои што се случија во текот на минатата недела, во петокот. Членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“, односно претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината и се со цел остварување на политички цели кои што македонската јавност но и сите ние бевме сведоци што се случуваше изминатиот период. Практично, целосно делигитимирање на правната држава, Македонија е практично држава каде што веќе немаме владеење на правото. Односно целосна спрега меѓу политичките партии, владата, судскиот систем и органите на државата, а се со цел реализирање на политички цели. Така што претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија сето ова и навистина изразија чин на згрозување на сето она што се случуваше изминатиот период во Република Македонија. Со цел да не се повтори истото.

Исто така загриженоста беше изразена и во делот на оние законски измени, а кои што се однесуваат на Законот за двојазичност, оној чин каде што на еден полушверцерски начин во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на Претседателот на државата и истиот следниот ден веќе беше однесен во „Службен весник“ каде што Директорот нели противправно без потпис на Претседателот го објави во „Службен весник“. И тука уште еднашка би сакал да потсетам, а од страна на претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка и согласност тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно го кажа дека е извршен атентат практично на Република Македонија. И изразија поддршка во намерата на ВМРО-ДПМНЕ да се поднесат кривични пријави против сторителите на ова противуставно, противзаконско и противделовничко практично дејствување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафери. Но исто така изразија и поддршка за поднесување на претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон.

Третиот сегмент кој што исто така беше разговаран денеска е лошата актуелна и политичка состојба во државата, односно отсуството на реформи оној блеферски настап на премиерот ден после донесување на уставните измени во саботата ден пред практично да замине на зимување каде што повторно видовме во најава пусти желби и блефирање од страна на премиерот кои што се далеку од реалноста, и далеку од можностите и на оваа влада но и далеку од капацитетите на луѓето кои што соработуваат со Зоран Заев.

И како четврто исто така, а резултат претходно на кажаното Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира и инсистира на организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори бидејќи на тој начин граѓаните повторно ќе кажам тука не станува збор за власт, тука не станува збор за функции, тука не станува збор за политички кариери едноставно граѓаните да одлучат дали се „ЗА“ понижена и омаловажена Северна Македонија или се „ЗА“ горда и достоинствена Република Македонија.

Така што еве на крај би заклучил како четврта точка за која што се сложија претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ е веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република Македонија.

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.