Понеделник, 11 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните
alt
Христијан Мицкоски

За жал, деновиве сме сведоци на масовна појава на загуба на човечки животи поради неквалитетното здравство. Тоа е загрижувачки, за сите нас.

Ова не е дневна политика, иако политичарите кои го водат ресорот се најодговорни, тука се работи за здравјето на граѓаните. За животот на деца, млади, возрасни.

Никогаш порано во Македонија не се случило ова што се случува денес. Има десетина смртни случаи во десетина дена. Смрт после и пред операции. Смрт од епидемии, на морбили и на грип. Нема акција, нема дејство од владата. Наместо здравје, граѓаните добиваат смрт.

За два дена згаснаа три млади животи поради епидемија на морбили, и два животи згаснаа поради епидемија од грип. Не вратија 100 години наназад.

Манипулираа со МРП вакцините. Се откри дека има со поминат рок. Министерот Филипче ја лажеше јавноста и со лажно вакцинирање на својата внука.

Поради негрижа, и непочитување на законските протоколи се раширија морбилите и меѓу другите болни деца на детската клиника.

33-годишен татко и сопруг починал поради обична скршеница и несоодветна терапија.

61 годишна жена починала само затоа што била препраќана од една болница во друга, со образложение, замислете дека нема доволно место и слободен кревет.

На Клиниката за стоматологија се појави опасна бактерија МРСА.

Министерот молчи, премиерот нема фокус, за на крај директорот на Клиниката за абдоминална хирургија со скандалозна изјава да ни порача - цитирам "секој има право да умре".

Граѓаните не плаќаат даноци за да ги финансираат тендерите на министерот, ниту пак бизнисите на Заев туку да имаат квалитетно здравство. Ова се огромни скандали за да бидат премолчени.

И ова е само дел. Да не збориме за изневерените очекувања, лошите услови на работа на лекарите и здравствениот персонал, ниските плати кои се далеку од ветените 100 илјади денари, за болниците кои се распаѓаат, за неизградениот Клинички центар, за немањето на лекови на рецепт итн.

Што ли треба да се случи, колку ли животи треба да се изгубат за да овие луѓе преземат одговорност?

Оставка на министерот веднаш. Но и тоа не е доволно доколку за краток период не се преземат мерки и активности за средување на хаосот. Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните. И ова треба да престане.

И ова не е политика, ова е појава која го загрижува целото општество. Ние сме вознемирени и загрижени. Ако владата не знае како да се справи, нека праша. ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои потенцијали за справување со состојбите.

Потребна е акција, а владата бега. Имаме решенија кои можат да помогнат за да се санираат состојбите.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.