Понеделник, 11 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ДО ГРУЕВСКИ

ng789НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ДО ГРУЕВСКИ: СЈО ми понуди лажно да сведочам во замена за мојата слобода!

Македонскиот политички дисидент во Унгарија, Никола Груевски во своето ексклузивно интервју за Инфомакс обзнани скандалозна информација дека од Специјалното Јавно Oбвинитeлcвo на Катица Јанева добил непристоен предлог да стане нивен соработник во замена за неговата лична слобода. Тој категорично го одбил предлог на СЈО како што вели лажно да сведочи против неговите поранешни соработници во замена за неговата слобода.

Во СЈО на пример има редица случаи каде што ги викаат луѓе кажи нешто против тој и тебе ќе те ослободиме. Впрочем и мене ми се случи и јас бев повика во СЈО. Ми дадоа понуда неофицијално, јас бев повикан за друго, бев повикан за да ме информираат какви две постапки ми почнуваат, обвиненија во предистражна постапка беа, требаше во истражна да поминат. Заврши тој дел и ајде сеа као на кафе малку да седнеме да позбориме и во тој дел, таа ситуација ми беше јасно дадено до знаење дека очекуваат, посакуваат да им помогнам со информации за некој луѓе. Прво почнаа да зборуваат за мене, јас им кажав немате ништо, затоа што и нема ништо ова што го правите е недозволено, еден ден ќе се каете, ме малтретирате тука, немате никакви докази за тоа што сакате да го постигнете со мене, зборам на неофицијалната средба, не на официјалната. Тие ми велат ,,добро еве можеби немаме за тебе ама помогнете ни за другите, ти знаеш се”. Јас им одговорив јас не можам да ви помогнам, некого да го направам крив, виновен ако не е. А овие што вие ми ги спомнувате, овие луѓе тие немаат никаква вина, тие работеа, дадоа се што можат да направат за државата, ги почитуваа законите сега се предмет на хајка, извинете не можам да ви помогнам. И добро рекоа не им беше драго, но си продолжи прогонот против мене.

Груевски сепак забележи дека има луѓе кои што во ваква ситуација одговориле поинаку, им ветиле слобода ако дадат ,,информации” за некој друг или за првиот, мислејќи на самиот себе. Дојде време вели тој кога на луѓето им местат да се виновни, а тие не се, им накалемуваат дека се виновни им втеруваат страв и се подготвени да наместат некој друг иако знаат дека ниту тој е виновен.

Екс премиерот го спореди сегашното време во Македонија со некои други времиња од 1948/49-та година и прогонот кој го спроведувале комунистите по крајот на Втората Светска Војна, додавајќи дека можеби е и полошо.

Во СЈО вели тој е врвот на непотизмот, сите се или деца на oбвинитeли, cyдии, вработени во медиуми, нема случајно вработен лик.

INFOMAX

 

На прво место

News image

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази

Мицкоски: Заев се фалеше дека ќе не прегази, сега видовме кој е прегазениот на овие избори

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.