Вторник, 26 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
ХРВАТСКИ НОВИНАР ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

brodic

ХРВАТСКИ НОВИНАР ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

Хрватскиот новинар Иван Бродиќ објави деновиве во порталот ДИРЕКНО извонреден коментар за промената на името на нашата земја со длабока анализа и критички осврт со којшто укажува на скандалозната операција без преседан што ја спроведе - како што вели тоj: "aнaционалната лeвицa" во Република Македонија. Тие (анационалната левица, МТр) не само што наметнаа ново име на една држава, и покрај негативната референдумска воља на политичката нација, туку успеаја да укинат еден цел политички народ. Националната држава (Република Македонија) постана терирторија како аморфна маса на која живеат граѓани во генитив!
Имено, до неодамна постоеше земја која Република Хрватска, заедно со 138 држави во светот ја признаа по нејзиното сега веке поранешно уставно име Република Македонија. Заради тоа можеме да кажеме дека почина Република Македонија која беше според уставните промени на втемелени во договорот на "северномакедонскиот" премиер Зоран Заев (koj минатата година во Солун изјави дека не се смета за Македонец, туку за граѓанин на светот) и Ципрас во Солун ( градот koго граѓаните на Северна Македонија не ке смејат повеке да го ословуваат со словенското име во службената комуникација), за којшто гласаа сите пратеници во Собранието од СДСМ, сите пратеници од албанските партии во Собранието и осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои со тие гласови истргуваа слобода од затвор на што беа осудени поради мирните протести против промена на уставот.

И самиот премиер, кој дојде на власт со неуставна конституција на парламентот (немаше мнозинство од 61 пратеник, туку од 59), предизборната кампања ја водеше по пат на протести што добија име "Шарена револуција" заради потребата за уништување на скопските фасади со разни бои, а тоа го финансираше американскиот филантроп Џорџ Сорос и неговата фондација Отворено општество.

Иако би можело да се каже дека уставните промени и промената на името беа неопходен компромис за да се прекине тридецениската блокада за влез во евроатланските институции, токму во тоа се крие и првото подметнување. Македонија, имено, не е крива за невлегувањето во споменатите институции, бидејки земјата (Македонија) на Балканот беше прва подготвена за влез во НАТО, а во неа подршката за влез во ЕУ беше поголема од 80 посто. Дерогирањето на подршката, институционалните проблеми и наводното вртење на еден политичар (денес азилант во Будимпешта) кон Русија впрочем се последица на нерационалната грчка блокада, а не нејзин повод.

До блокада дојде и покрај одредбите на тогаш сеуште Република Македонија за непостоење на аспирации према Егејска Македонија. Многу веројатно и поради страв од геноцидот над Македонците во Егејска Македонија 1948 и 1949 година.

Второто подметнување од луѓето што го оправдуваа сегашното преименување е во договорот што е спротивен на Охридскиот мировен договор од 2001. година е што Зоран Заев го постигна со потписниците на Тиранската платформа. Имено Охридскиот договор заради страв од нови етнички судири од 2001 година предвидува власта секогаш да ја конституираат победничките партии од двата конститутивни народи (Македонците и Албанците, забелешка МТр).

Tиранската пратформа тоа го прекрши и под спонзорство на Еди Рама и Хашим Тачи тоа го прекрши и сите албански партии во Македонија влегоа во таа коалиција. Покрај федерализација на земјата и двојазичност на територијата на целата земјаа, значи и во места каде што нема Албанци, побараа и укинување на македонско државјанство. Прифакајки го тоа денес, Северна Македонија според уставот не е повеќе национална држава на Северните Mакедонци (бидејки, ете, постојат белким и јужни, од грчко потекло, од грчката покраина Македонија која се до 1990 година НЕ го носела тоа име, а се викала Северна Грција), туку граѓани на Северна Македонија.
За оние на кои не им е јасно за што се работи, да се потсетиме зошто во 1989, 1990, и 1991 година инсистиравме на номинатив во називот за Република Хрватска.
Третото подвалување кое е еднакво со Гебелсовата пропаганда, се крие во уште еден договор којшто го потпиша премиерот на Северна Македонија, апатрид по сопственото признание, Зоран Заев. Станува збор за Софискиот договор. Граѓанинот на светот Заев тогај му потпиша на Бојко Борисов документ според кој во името на (тогај сеуште) Република Македонија се откажува од македонското минато и дозволува инспекција на бугарското министерство за просвета во македонските учебници да врши преглед. Потпиша (Заев, наша забелешка) дека целаста историја на (дотогаш сеуште) Република Македонија започнала во 1945 година, а се пред тоа била бугарска историја. Заради тоа, Заев мораше да му се извинува на Бојко Борисов бидејки Илинденското востание и Крушевскиот манифест ги нарече дел од македонската историја.

Четвртото подметнување е во тоа што сите противници на новонастанатата ситуација се прогласуваат за русофили, Станува збор за граѓани на западна Европа или за ониа кои поминале години на западот дека се русофили!? Противприроден блуд е блуд исто како и да се занемари поврзаноста на Заевата партија со, поверениците на Турскиот тек со руски бизнисмени со "поранешната отоманска територија - Грција".

Со смртта на Република Македонија, според тоа, можеби е направеен чекор кон ЕУ и НАТО (каде на Република Македонија одамна и беше место), убиен е цел еден политички народ и продадена е неговата историја. Сумирано во една реченица: Северна Македонија и нејзиниот нов устав Македонците како нација ги става законска положба во каква што беа пред Илинденското востание.

Превел од хрватски МТр

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.