Понеделник, 11 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
НЕПИСМЕН МИНИСТЕР

13495304 1146710635350932 7576676083972152516 n

(Фејсбук статус на пратеникот Трајчо Димков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ)

НЕПИСМЕН МИНИСТЕР
Има ли крај на понижувањата што ни ги приредува министерот Димитров.

Не беа доволни страдањата на МАКЕДОНЦИТЕ во минатиот век кој ги приреди тогашната власт во Грција. Не беше ли доволна голготата на МАКЕДОНЦИТЕ кои ја доживеаа кога беа приморани да ги напуштат своите домови, не беше ли доволно забраната да се зборува македонскиот јазик во Егејска Македонија, па и вие моравте да се откажете од МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат и го зборуваат МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК во Егејска Македонија.

Светите браќа Кирил и Методиј родени во Солун во IX век основоположници на словенската писменост и литература заслужни за културниот развој на сите словенски народи, дали и тие немаат врска со МАКЕДОНЦИТЕ во Република Македонија.

Македонскиот великан Гоце Делчев роден во Кукуш во Егејскиот дел на Македонија кој бил учител во Штип од 1894 до 1896 година дали според вас и тој немал ништо заедничко со штипјани односно немал никаква врска со овој дел на Македонија само поради тоа што е роден во Егејска Македонија.

Дали Според вас Крсте Петков Мисирков роден во Постол, Егејска Македонија македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво, автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, нема ништо заедничко со МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарска Македонија.

Кога по Втората Светска Војна требало да се стандардизира македонскиот литературен јазик да биде ист на целата територија на Македонија од авторите на тогашните учебници на македонски јазик (Мисирков: „за македонските работи“, Круме Кепески и Блаже Конески) земени се во предвид македонските говори од централниот дел на Македоија како и земен е во предвид и говорот на делот од Македонија кој се нашол под Грција особено од леринскиот,воденскиот и солунскиот крај.

Неписмен министер отворено ве прашувам: како се разбраа браќата Кирил и Методиј на територијата на Вардарска Македонија кога ја обавуваа својата мисија, како се разбираше Гоце Делчев и на кој јазик говореше додека предаваше и ги учеше штипјани, како МАКЕДОНЦИТЕ во Вардарска Македонија ги разбираа книгите кои ги напиша Крсте Петков кој е роден во Егејска Македонија, а вие Министре не ги разбирате Македонците кои живеат на другата страна на границата.
Ние потомците на децата бегалци ќе ви порачаме само едно: „Оној што има за што да живее може да поднесе се“.
"ИМАМЕ ЗА ШТО ДА ЖИВЕЕМЕ, ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЌЕ ВЕ ИСТРПИМЕ И ВАС И ОВАА ОДРОДЕНА ВЛАСТ"

53855818 2225756070779711 5545193664109608960 n

 

На прво место

News image

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.