Среда, 13 Март 2019    Печати
Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел
alt

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото - Холокаустот - еврејска традиција.

Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам.

Заев по втор пат ги наруши односите со Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот вицепремиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран.

Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне.

Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.

Зоран Заев и СДС мора да си заминат.

Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДС.

ВМРО-ДПМНЕ