Среда, 13 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Мицковски: Никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам новото името на РМ
alt
Христијан Мицкоски

Чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев, а за кое граѓаните не гласаа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за вестите на телевизија Сител нагласи дека Република Македонија нема да добие препорака за почеток на преговори со Европската унија, објаснувајќи дека со тоа уште еднаш ќе се потврдат неговите тврдења дека Македонија не се движи во вистинска насока.

Тој додаде дека чесно и достоинствено е да се употребува името Македонија наместо новото име кое го договори Заев а за кое граѓаните не гласаа, потенцирајќи дека тој лично, а ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да го употреби новото име на државата.

Ние ќе учествуваме во реформската агенда, ние учествуваме во рамки на институциите кои што ја користат придавката на новото име. Но, никогаш нема да се изразиме со новата придавка која што ја употребуваат владините претставници, дури и некои од владините претставници кои што ќе ја заборават, тогаш тука е сифлерот кој што ќе ги корегира. Бевме сведоци кога еден од вицепремерите го употребува нашето вистинско име Република Македонија, па беше укорен од страна на претседателот на владата.

Да, ние ќе работиме се што е во интерес на граѓаните. И ако ме прашате дали тоа е чесно и честито, да ќе кажам, затоа што тоа е морален хазар за нас, затоа што нас приоритет ни се интересите на граѓаните, па дури и ако тој интерес подразбира да гласаме закони во рамките на собранието каде што стои новата придавка, но, никогаш ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак јас како претседател нема да го споменам името, вели Мицкоски.

 

На прво место

News image

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.