Четврток, 14 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Проф. Котлар: Етничките Македонци се Македонци

alt

Проф. Котлар: Етничките Македонци се Македонци и овде и во Грција и во Бугарија и во Албанија и каде и да се!

Накратко да појаснам – Етничките Македонци се Македонци и овде и во Грција и во Бугарија и во Албанија и каде и да се! Имаат иста и неделива историја, фолклор и обичаи, а зборуваат еден единствен јазик – македонски! За ова има многу докази во историските материјали! Бидејќи во моментов е актуелна мистификацијата на нашата историја и јазик во однос на јужниот преспански сосед издвоив три документи напишани од Македонци кои по силата на окупацијата од 1913 г. биле жители на Кралството Грција. Станува збор за дописки од Воден, Лерин и Серез во кои јасно е опишана положбата на Македонците (во месецот јуни) во 1934 г., односот на власта кон македонското население и особено суровоста кон сите оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Еве, ги сведовштвата:

„… Македонец од Воден, 6 јуни 1934 година

Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние Македонците не знаеме друг јазик освен нашиот македонски, разните органи на грчкиот капитализам нè принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик…. Освен тоа, нè лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија… Во основните училишта секојдневно се тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик… На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба сè додека не остварат полно свое ослободување.(…)

Македонец од Лерин, 8 јуни 1934 година

Лерин. – Тука пред извесно време целиот буржоаски печат почна напад против македонскиот народ… Ние Македонците похрабро и поактивно треба да се активираме против тој напад за да го отфрлиме, зашто тоа значи поголемо угнетување, глад, беда и војна.(…)

Осуденици од Серес, 26 јуни 1934 година

Секој ден влечкаат сиромашни Македонци, земјоделци во затворите поради долгови од 60 до 100 драхми. (…) Сите овие сиромашни Македонци не знаат грчки, си го зборуваат македонскиот јазик. Од многу тепање биле принудени да речат дека низ нивните села поминувале комитаџии.

Многу осуденици од затворите во Серес…“

Извадоци од збирката „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Од крајот на Првата светска војна до создавањето на национална држава, том втори, Скопје, 1981, 62–64.

https://opserver.mk/stav/prof-kotlar-etnichkite-makedonci-se-makedonci-i-ovde-i-vo-grcija-i-vo-bugarija-i-vo-albanija-i-kade-i-da-se/

 

На прво место

News image

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.