Петок, 15 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Пресудите за 27-ми април се политички и израз на нервоза и тонењето на Заев
alt

Пресудите за 27-ми април се политички и израз на нервоза и тонењето на Заев

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.

Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти.

Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.

На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.

Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.

Оваа пресуда е нарачана и однапред позната.

Како поинаку да се објасни фактот дека против  директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка.

Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно.

Ова се очајни чекори на власта која губи.

Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена.

Нема ниту еден очаен чекор да ја спаси оваа власт. Заев паѓаш. Паѓаш и тоа вртоглаво. Биди сигурен дека правдата ќе дојде и правдата ќе победи. Тогаш секој еден ќе мора да се соочи со своите постапки.

 

На прво место

News image

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.