Петок, 15 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото

alt

ФОКУС НА ДЕНОТ: Затворски казни за „крвавиот четврток“, но „паднаа“ и тешки зборови

Митко Чавков, поранешниот директор на БЈБ, доби првостепена казна затвор пд 18 години заедно со времето поминато во притвор и куќен притвор поради неделување за време на настаните на 27 април во Собранието. Митко Пешов е осуден на казна затвор од 15 години. Истата казна ја доби Душко Лазаров, Горан Јошевски - Леви, Оливер Радулов е казнет на 10 години затвор, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години затвор. Горанче Ангеловски е осуден од 12 години, исто како и Игор Југ. На Влатко Трајковски му е досудена 15 годишна казна, а за Вилијам Михајловски 14 години. Никола Митревски - Кољо е осиуден на 15 години, а за Александар Василевски - Нинџа е одредена осумгодишна казна.

Сите се прогласени за виновни за насилство и тероризам, освен Игор Дурловски.
alt

За упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, Јане Ченто доби 15-години затвор, како обвинет во случајот.

Тој не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, затоа што како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

„Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, изјави Ченто.

Пејачот Игор Дурловски кој е единствениот кој беше ослободен од обвинението за 27 април, кратко по заминувањето од судот на социјалната мрежа Фејсбук постираше нумера која ја изведува тој, со порака: „Кога слободата е ропство, а среќата тага“.

Дурловски беше прогласен за невин, а останатите 16 обвинети за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Тој пред судот беше дочекан со прегратки од блиските. Роднините на другите осудени реагираа за добиените високи казни. Екс директорот на БЈБ, Митко Чавков доби највисока казна од 18 години затвор.

Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам, изјави Игор Југ на кој му се судеше за настаните за време на упадот во Собранието на 27 април лани.

Тој рече дека постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека казните за „крвавиот четврток“ се драконски, а пресудите сметаат дека се претходно нарачани и напишани, без да се земат в предвид доказите.

Велат дека политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото.

https://faktor.mk/fokus-na-denot-zatvorski-kazni-za-krvaviot-chetvrtok-no-padnaa-i-teshki-zborovi

 

На прво место

News image

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.