Среда, 20 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
ЛУЃЕТО ОД КАНВАС ПЛАТЕНИ ЗА ДА ПРАВАТ ХАОС ВО МАКЕДОНИЈА СЕГА ГО ПРАВАТ ИСТОТО И ВО СРБИЈА

srgja_otpor

ЛУЃЕТО ОД КАНВАС ПЛАТЕНИ ЗА ДА ПРАВАТ ХАОС ВО МАКЕДОНИЈА СЕГА ГО ПРАВАТ  ИСТОТО И ВО СРБИЈА

Во богатата електронска преписка за врските помеѓу американската разузнавачка агенција Стратфор и Канвас организација од Белград, која ги објави Викиликс, се поставува прашањето „Кој го финансира Канвас?“ За значењето ан овие мејлови кои откриваат како функционира Стратофор зборува и тоа што 28 годишниот „свиркач“ Џереми Хамонд, благодарение на кого оваа преписка ја виде светлината на денот, е осуден на десет години затвор во Америка.

Во еден мејл од 2008 година, Џорџ Фридман директор на оваа агенција, ја разгледува можноста за сорабтока со Канвас („Центар за примена на ненасилна акција и стратегија“), поради што го интересира кој ја финансира оваа организација. Му одговара Марко Папиќ, аналитичар на Стратфор кој е во контакт со Срѓа Поповиќ, челниот човек на Канвас со порака: „Многу американски финансии…не знам точно но разговарав со луѓе кои лобираат за нивното финансирање како што е Мајк Мекфол од „Хувер Институтот“. Мекфол е сегашен американски амбасадор во Русија, кој на таа функција е именуван во 2012 година.

Папиќ продолжува: „УСАИД е вклучен. Отпорот го финансира „Фридом Хаус“, ИРИ (Меѓународен републикански инститиут), НЕД (Национално здружение за демократија) и Американскиот институт за мир. Бидејќи во „Канвас“ се истите луѓе како и во „Отпор“ сигурен сум дека имаат исти отворени доларски извори“.

Во мејлот на аналитичарот на Стратфор од 2007 година се наведува дека овие организации, заедно со НДИ (Национален демократски институт) и „Институтот Алберт Ајнштајн“, се обвинети дека стојат позади побуните во Србија во 2000 година, Грузија 2003 година, Украина 2004 година, Азербејџан 2005 година, Киргистан 2005 година, Белорусија, Узбекистан и Таџикистан 2005-2006 година. Во истиот мејл се прецизира дека „Отпор“(односно Канвас) оформува групи во Грузија (Кмара), Украина (Пора), Белорусија (Зубр) и во Албанија (Мјафт).

Во еден друг мејл во кој се зборува за средбата со Фридман, се споменува дека Поповиќ на состанокот во Чикаго заедно со „партнерот од Голдман и Сакс“ (глобална американска инвестициона банка) кој е „веројатно еден од финансиерите на Канвас“.

Интересот за соработка е обостран. Стратфор кој според информациите наменети за јавноста продава геостратешки, политички, економски и воени анализи на американските владини агенции во војската, бара информации од лидерите на Канвас кои „имаат директни врски со многу ненасилни движења ширум планетата“, а Поповиќ сака да ја рашири мрежата на контакти, поради што се бара средба со Фридман.

„Канвас има многу раширена турнеја на предавања на американските универзитети. Пред доаѓањето во Остин, Срќа ќе предава на Американксата воена воздухопловна академија. Срѓа го интересираат нови контакти“ – објаснува Папиќ во мејлот од 2011 година.

Поповиќ е интересен за американската разузнавачка организација поради своите врски со активистите против Хосни Мубарак во Египет, како и со активистите во Венецуела, Зимбабве, Судан и други „жешки“ геополитички зони. За размената на мејловите со него се користи само доверливата технологија „хашмејл“ (hushmail) за комуникација кога станува збор за Венецуела, затоа што е „чувствително кога револуционерна невладина организација се користи како извор, поради клиентите кои се присутни во таа земја“ објаснува Папиќ во еден мејл.

Отпор не е единствена организација која е во врска со движењата за рушење на египетскиот претседател. Тука е и американската организација „Фридом Хаус“ која е финансирана од „дискретен“ прилив на членови од движењето „Шести април“ во Белград во 2009 година, на обука кај лидерот на Канвас, како што објаснува еден од египетските активисти во текстот „Скриеното лице на египетската револуција“ објавен на блогот на францускиот неделник „Нувел обсерватер“ во март 2011 година. Некои членови на „Шести април“ оделе на обука во „Меѓународниот центар за ненасилни судири“ (ИЦНЦ), кој е основан од Питер Акерман во 2002 година, кога во оваа организација ги префрлил парите од шпекулации на берзата поради кои за влакно избегнал затвор. Акерман е во 1976 година на американската школа Флечер за право и дипломатија го одбранува својот докторат за „стратешките аспекти на ненасилните видови на отпор“ под туторство на Џин Шарп, иден идеолог на „Отпор“ и други движења кои ги рушат владите во источна Европа, Африка и Блискиот Исток. На истиот универзитет 30 години подоцна студирале и Слободан Џиновиќ, кој со Срѓа Поповиќ го основа Канвас во 2003 година и Иван Маровиќ, уште еден од лидерите на „Отпор“.

Акерман помеѓу 2005 и 2009 година бил еден од клучните луѓе на „Фридом хаус“ како и Роби „Марк“ Палмер, бивш американски амбасадор во Украина и еден од основачите на „Националното здружение за демократија“ кој според Википедија во 1996 година, заедно со студентите ги шетал улиците на протестите во Белград.

Поповиќ отсекогаш тврди дека „Канвас“ се финансира исклучиво од приватни извори и дека не прифаќа финансирање од било која влада. „Нашата мисија е образовна не политичка“, пишуваше во една од првите верзии на нивниот сајт canvasopedia.org.

Во преписката со колегите од 2010 година, во која Папиќ ги проследува информациите кои му пристигнале од Марија Станисавлевиќ, поврзани со Поповиќ, аналитичарот на Стратфор вели дека може да дојде до (Слободан) Хомен: „Погоди што правеше во 2000 година? Да, беше дел од „Отпор“….а сега е државен секретар во министерството за правда. Србија е така смешна земја“ – стои во преписката.

Во Македонија пак, „Канвас“ функционира во соработка со СДСМ и невладините организации кои исто така се финансирани од соросоидните фондови и УСАИД на Американската амбасада.

 

На прво место

News image

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.