Вторник, 19 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Иванов ги одликуваште македонистите, Ошлис, Фридман и Крамер

altЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Иванов ги одликуваште македонистите, Ошлис, Фридман и Крамер

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги одликуваше со Медал за заслуги за Македонија истакнатите научни работници, лингвисти и македонисти, Волф Ошлис, Виктор Фридман и Кристина Крамер, соопшти претседателскиот кабинет.

Волф Ошлис, професор, автор и преведувач на повеќе дела од врвни македонски автори е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Германија, како и за унапредување на пријателските односи меѓу двете земји.

Виктор Фридман, еден од најпознатите и најактивните лингвисти со македонистичка ориентација, е одликуван за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во САД и за унапредување на пријателските односи меѓу двете земји.

Американскиот лингвист, Кристина Крамер е одликувана за исклучителен придонес за афирмацијата и за популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во САД и Канада, како и за унапредување на пријателските односи меѓу земјава и двете држави.

Претседателот Иванов рече дека му претставува чест и должност што ги одликува овие истакнати македонисти со Медал за заслуги за Македонија, како израз на благодарност за сето она што тие го направиле и што допрва ќе го прават за македонскиот јазик.

–Професорите Ошлис, Фридман и Крамер со децении пишуваат книги и научни статии, ги збогатуваат европските и светските лингвистички енциклопедии со одредници за македонскиот јазик. Низ децениите имало меѓународни славистички и балканистички конференции на кои тие биле можеби единствени бранители на вистината за македонскиот јазик. Борејќи се за македонскиот јазик тие се борат за душата на македонскиот народ. И тоа го прават со силата на аргументите, без ниту еден миг да застранат од научната објективност и професионалната непристрасност, рече претседателот.

Професорот Ошлис изрази благодарност на целото македонско општество за големата чест што им се доделени Медали за заслуги за Македонија.

-Оригиналноста на македонскиот јазик се запознава според убавината на македонските народни песни. Македонски печалбари работеле од Виена преку Цариград, дури до Каиро и насекаде ги пееле своите македонски песни, верувајќи во духот и во душата на Македонците, рече Ошлис.

 

На прво место

News image

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.