Петок, 12 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Народот е тој кој ги креира политиките, а не владата на Зоран Заев

alt

Мицкоски: Народот е тој кој ги креира политиките, а не владата на Зоран Заев

Вечерва Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред граѓаните на општина Кисела Вода.

Мицкоски кажа дека сака да им соопшти на граѓаните на Кисела Вода една вистина, а тоа е дека ВМРО ДПМНЕ победува на чело со кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

-Првата добра вест со која што ги почнувам митинзите ќе ја пренесам и овде во Кисела Вода која што секогаш била огромна моја инспирација. Некако митингот ми се погоди пред Пеленица, па еве ја користам оваа прилика да ве поканам во Сабота. А потоа од Пеленица на големиот сенароден митинг на идниот претседател на Републиката професорката Гордана Силјановска Давкова. Веста која што секаде низ цела Македонија се говори некаде гласно некаде тивко но вистината е дека на 21 Април и на 5 – ти Мај победуваме готово е . Готови се – појасна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека народот е тој кој што треба да ги креира политиките, а не обратно односно да се креираат политики за народот без негова консултација како што е тоа сега случај со Владата на Зоран Заев.

alt

-И додека Господинот Зоран Заев заедно со неговиот избраник Педаровски си потпевнуваат по некоја песничка и додека на луѓето им се закануваат дека ако не победел пред очи да не им излегле , ние сме заедно со народот и заедно со овој народ ќе ви покажеме што значи вистинска сенародна победа на најголемата коалиција во историјата на независна Република Македонија на 21 Април а потоа и на 5 -ти Мај. Народот е тој што ги креира и тезите и политиките ние сме тие кои што треба да бидат поразлични а не како што беше до сега неколкумина позади фино оптегнати во кожни фотелји и креираат политики а овие другите се само гласноговорници и тие политики му ги соопштуваат на народот без да се консултираат без да го прашаат народот што мисли за тие политики. Е овој пат браќа и сестри ќе дојде поинаква реалност во Македонија каде што политичарите ќе се одликуваат со сопствената честитост , каде што зборот на политичарот ќе држи и каде што политиките политичарот ќе ги гради заедно со граѓаните и помеѓу граѓаните изјави Мискоски.

alt

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека ИТ компаниите ги селат своите фирми а младите си заминуваат од државата . Мицкоски кажа дека поразителните политики на Владата предизвикале да ни се случат празни градови поради зголемената иселеност .

-Денеска гледаме како ИТ компаниите го селат својот бизнис а нашите програмери нашите инженери остануваат без работа и ја напуштаа Македонија односно државата. Тоа што порано беше празни села е стара вест сега се празни градовите кажа Мицкоски.

alt

Христијан Мискоски кажа дека кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова не е случаен избор на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски потенцираше дека професорката Гордана ги има сите човечки и професионални капацитети да ја извршува функцијата претседател на државата.

-Гордана Силјановска Давкова е жена, професор , сестра, колешка, мајка, сопруга, сосетка која што е почитувана од сите сограѓани, пријатели колеги онаму каде што функционира. Затоа што Гордана Силјановска Давкова е најинспиративниот професор на правниот факултет затоа што Гордана Силјановска Давкова не се срами да го пренесе своето знаење на помладите колеги,затоа што Гордана Силјановска Давкова кога требаше беше во првите редови и застана во одбрана на државниот и националниот интерес прво во 2004 година и сега во 2018 година – додаде Мицкоски .

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.