Понеделник, 15 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Граѓаните сфатија дека си имаат работа со измамници

alt

Граѓаните сфатија дека си имаат работа со измамници кои единствено што направија е продажба на државните интереси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на општина Богданци.

Пред присутните Мицкоски истакна дека од многуте средби кои што изминатиот период од граѓаните слушнал само разочарување од актуелната состојба во која што се наоѓа Република Македонија, односно како што рече тој во овие две години од владата на Зоран Заев и СДСМ немало ниту една суштинска реформа и исполнување на ветеното, туку само предавство и распродажба на националните и државните интереси.

Буквално секаде без разлика дали станува збор за градови, дали станува збор за села, дали станува збор за помали или поголеми населени места имав можност да разговарам со илјадници, илјадници наши сограѓани. Илјадници, илјадници наши сограѓани ни ја пренесоа нивната емоција, нивниот сентамент, ја прераскажаа реалноста а реалноста е лоша. Луѓето се многу разочарани од сите оние неисполнети ветувања, сите оние нереализирани очекувања. Практично луѓето сфатија дека си имаат работа со измамници и тие измамници единствената работа која што ја направија изминатите речиси две години е едно огромно големо предавство. Нема ниту една структурна реформа, нема услови за подобра живот, не ја подобрија економијата, напротив се оди во долна линија. Единственото нешто што го направија е она огромно предавство со кое што тргуваа и ги предадоа и државните и националните интереси. Тоа е реалноста во Република Македонија, кажа Мицкоски.

alt

Во обраќањето Мицкоски посочи дека овие избори не се само претседателски избори, туку се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија.

Ова не се само претседателски избори, ова се избори каде се одлучува за иднината на Македонија, за правецот по кој ќе се движиме, патот по кој ќе одиме, а ако ја немаме Македонија ништо немаме. Затоа на овие избори се решава за Македонија. Претседателските избори се шанса за отворање на вратата на предвремени парламентарни избори на кој кој го поразиме Заевизмот. Колку победата е поубедлива, толку ќе биде поголема нашата сила за промени, реформи да ја испорачаме правдата, вели Мицкоски.

alt

На крај Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно во коалиција со народот ќе се изборат со сите неправдини направени од СДСМ и Заев  и побара масовна поддршка за кандидатот за претседател Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова се со цел враќање на правото и правдините во Република Македонија.

Затоа ајде да победи Македонија, ајде заеднички да ја донесеме правдата, нагласи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.