Среда, 17 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
ПОВТОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО на РМ

divo2

Почитувани обвинителки и обвинители

Во неколку наврати преку порталот mn.mk јавно ве повикав да реагирате на "допрен глас" (што не само што ме допре - туку ме потресе) од Викиликс (WikiLeaks) дека, според декласифицирана службена депеша од Американската амбасада во Скопје до Стејт Департментот, лицето Зоран Заев десетина дена пред терористичкиот напад во кумановско Диво насеље бил во Приштина каде со тамошниот премиер Рамуш Харадинај, наводно, го договорил тој кукавички настан во којшто беа убиени осум (8) македонски полицајци и 14 четиринаесет (а не десет, како што званично беше побјавено) терористи, од кои четири американски "инструктори" од базата Бопнстил на Косово!?

Дами и господо обвинители, зарем не чуствувате потреба, но и одговорност службено да покренете истрага по допрен глас за да се утврди веродостојноста, а ако има основ и одговорноста за овој случај??? Работава е премногу сериозна за да можете да ја игнорирате бидејки веродостојноста на депешите од Американската амбасада во Скопје се 100% веродостојни!!!

Ало, обвинители, се работи за  у б и с т в о  на осум полицајци, осум чувари на Уставот и поредокот во Република Македонија. Дали ова сознание допира до вас???

Ветив и нема да се откажам да ве потсетувам на овој злосторнички потфат се додека не реагирате (Се надевам не чекате нови избори, па за да го сторите тоа)???

БОМБАТА НА ВИКИЛИКС (WikiLeaks)  ЗА НАСТАНИТЕ ВО  ДИВО НАСЕЉЕ

Заев бил во комуникација со терористите и имал средби со нив во Приштина!

Викиликс  (WikiLeaks) мрежата која  објавува разузнувачки извештаи, хакирани електронски пошти на Американските тајни и дипломатски служби, објави извештај на Американската амбасада во Скопје дека лица од СДСМ контактирале со терористите што го приредија нападот во кумановско Диво Насеље. Според  агенцијата МИНА која цитира извори во УБК, Зоран Заев ја признал соработката на СДСМ со терористичките групации од Косово што влегоа во Диво Насеље, најавувајќи дека „Ќе има крв во Мај ако Груевски не отстапи“

Терористите нападнаа на 10ти Мај, но беа спречени од полицијата да го спроведат нивниот план за напад на јавни центри, плоштади, отворени пазари и полициски станици, на 15ти Мај, што ќе резултираше и со големи цивилни жртви.

 Во преписка помеѓу Стејт Департментот и Амбасадата на САД во Скопје,според  Викиликс стои:„Тимот БРАВО потврдува дека најмалку 20 членови (терористи, наша забелешка) влегле од Косово (Во РМ, наша забелешка), во моментот се концентрирани во ридовите околу Куманово. Иако себеси се сметаат за исламски радикали, оваа група употребува криминални и терористички методи“, се вели во преписката.

Во Стејт Департментот додаваат: „Оваа група е блиска до Харадинај во Косово, веќе има остварено комуникација со политичари во Скопје. Се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членовите на овие радикали во Косово и Макеоднија комуницираат со политичкото движење (СДСМ) кои сакаат да ја соборат Владата“ се вели во дeпешата објавена од Викиликс.

thumbnail

Ден по инцидентот во Куманово, лидерот на СДСМ Зоран Заев наместо да ги посети повредените полицајци, отидеда ги посети лицата со блиски врски до УЧК (види сликата погоре) кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на полицијата во реонот.

Десната рака на Заев, Захир Бекири – Чауш кој е во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти, имал сокриено 80 панцири (се поставува прашање од каде му се)  во канцеларија на СДСМ наменети за терористите во Куманово, но никогаш не биле дистрибуирани до нив, имајќи во предвид дека полицијата имаше акција неколку дена пред терористичкиот напад.

Освен политичка поддршка, терористите имаа и медиумска поддршка за време на терористичкиот напад. Истата беше координирана, а Македонската јавност може да се потсети на „извештаите“ на ТВ Телма и порталите кои известуваа дека тоа не биле терористи туку „цивили во пижами кои се бранеле од полицијата“!

И што да се рече после гореизнесеното? Имаме обвинителство или тоа е само на хартија??? Дали дотичните што седат во Обвинителството се свесни за одговорноса што ја имаат со непревземање никакви активности за овој случај за којшто токму Американците благодарејки на Викиликс, ни ги сервираат како на тацна фактите???

Дами и господо обвинители, ако мислите дека со молчење и непревземање никакви активности случајот во Диво насеље ќе се забошоти, немојте да се лажете! Убиство на еден полицаец е премногу за да помине неказнето, а не пак убиство на дури осум полицајци.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.