Вторник, 16 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Треба Македонија да ја креваме од пепелта

alt

Треба Македонија да ја креваме од пепелта од која што овие политички измамници од врхушката на СДСМ ќе ја остават

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Гази Баба.

Мицкоски пред присутните истакна дека после поминати илјадници километри низ државата, и средби со илјадници граѓани единствената работа која секаде се слуша е маката и тешкиот живот, неисполнети ветувања и нереализирани очекувања, и граѓаните се едногласни и обединети околу едно, а тоа е дека мора да дојдат промени и мора оваа власт да си замине.

Потребен е голем триумф за да можеме овие политички измамници да ги пратиме на темната страна на политичката историја во Република Македонија, а веднаш потоа следуваат предвремени парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во коалиција со народот. Треба Македонија да ја креваме од пепел, од оваа пепел која што овие политички измамници од врхушката на СДСМ ќе ни ја остават, затоа ни е потребен секој еден човек во обновата на нашата татковина, да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото на вистинската патека, на не на ова омаловажената, опљачканата и криминалната, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека овие измамници не се срамат да тргуваат со државните и националните интереси и притоа да лажат дека го зацврснале идентитетот, а сите се сеќаваме како не така одамна Заев кога на гости му дојде Ципрас се срамеше да слушне од македонската химна, од тоа дека „Денес над Македонија се раѓа“ и „Македонците се борат за своите правдини“ .

alt

Истиот кој се препелкаше и не знаеше да даде одговор на прашањето каков јазик говорат луѓето кои живеат во северна Грција, а е различен од грчкиот. Се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои говорат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора. Им се урна како кула од карти сето тоа, пред зградата на Владата на Република Македонија, а во сето тоа соучесник и негов поддржувач е Стево Пендаровски. Едниот не се срами да каже дека е 102,5% како Заев, тоа е иста паричка со лице и опачина, нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека изборот е јасен, од една страна го имаме Стево Пендаровски позади кој стојат транзиционите политичари и криминалци кои на илјадници наши сограѓани им ги уништија животите, а од друга страна ја имаме професорката Гордана Сиљановска Давкова која е борец заштитник на правото правдината и бескомпромисен борец на законите и Уставот, позади која стои народот и затоа одлуката се знае дека победникот ќе биде професорката Сиљановска Давкова.

Мицкоски посочи дека Заев се колнеше во жицата, во дедовината, во најмилото, а кога дојде на влас и кога имаше можност тоа да го заштити, тој всушност тргуваше со него, , и додаде дека иако потекнува од градот од каде петте струмички студенти ги дадоа животите за оваа земја, тој сепак се реши да тргува со се тоа што го наследил.

alt

Во своето обраќање пред присутните тој се осврна и на неправдите кои секојдневно се случуваат, како ветените загарантиран откуп субвенции и помош за земјоделците, но денес сме сведоци како Ресен се сечат дрвјата затоа што еден килограм јаболка е еден денар, во Малешевијата и Пијанец родот се истураше по реките, праските од Росоман завршија на улиците, а оризот од Кочани остана во амбарите затоа што немаше кој да го откупи.

Неправда е кога играте на картата на ниски страсти. На емоцијата и на маката на луѓето како што беше случајот со Никола Младенов, како што беше случајот со мартин Нешковски, како што беше случајот со оние невини чеда од Смиљковско, а денеска претпоставувам кога имате можност никаде ве нема, на не ни знаете како живеат тие семејства, не сте ги ни прашале како им е денот, претворен во пекол затоа што од вашите неисполнети ветувања останаа разочарани, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека неправда е тоа што на студентите им се ветуваа реновирани студентски, а денес тие спремаат испити во супстандардни услови, пензиите од први април наместо да бидат повисоки тие се кратат од 400 до 700 денар, а лекарите не ги добија ветените 100.000 евра плата реновирани болници и ги полнат клиниките по светот.

Ветуваа се и сешто ветуваа дека ќе донесат правда и мир, ветуваа живот, но живот дојде само за најблиските до нив. Одважете се, застане позади професорката Гордана Сиљановска Давкова, жената која што има тим и знае како да го врати владеењето на правото и правната држава во Република Македонија и знае какви реформи се потребни кои ќе гарантираат владеење на право и правна држава. Да се бориме за нашиот сон за Македонија сонот за честита и просперитетна татковина, нагласи Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш на побара поддршката за професорката Гордана Сиљановска Давкова и на 21-ви април и на 5-ти мај, да се излезе што помасовно, затоа што победата на претседателските избори ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори на кои оваа власт ќе замине во историјата, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

СТИВ ПЉАКАС И НЕГОВАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА СТИВ ПЉАКАС ВО КАНАДА ...

Култура и туризам

News image

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛА...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.